Македонија

Од денеска само опомени, а по Нова Година и казни

Камерите поставени на главните сообраќајници, ќе детектираат и евидентираат сообраќајни прекршоци во реално време и ќе ги известува возачите

Од денеска стартува проектот „Безбеден град“, со кој камерите од системот „Safe City“, поставени на главните сообраќајници, ќе детектираат и евидентираат сообраќајни прекршоци во реално врем, информира Министерството за внатрешни работи

Системот автоматски ќе го регистрира прекршокот и ќе испрати известување до возачот.

До крајот на годината ќе трае пробниот период, во кој ќе се издаваат само опомени, а од почетокот на следната година ќе започне и изрекувањето казни.

Камерите ќе идентификуваат низа прекршоци, меѓу кои пречекорена брзина, минување на жолто или црвено светло, неправилно престројување, возење со истечена сообраќајна дозвола, како и непрописно паркирани возила.

Во следната фаза е предвидено проширување на листата на прекршоци кои ќе ги детектира електронскиот систем.

Проектот прво ќе се тестира во Скопје и уште два града, а од наредната година ќе се спроведува на целата територија на државата.

Најнови вести од: Македонија

90 години од смртта на Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

На денешен ден, 4 април 1936 година (пред 90 години) во Тарту, Естонија почина Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

Третманот со ефикасна терапија и поголемиот буџет за Онкологија го продолжува животот на пациентите со рак

Се зголемува животниот век на пациентите со три вида рак – на дојка, на бели дробови и на кожа (меланом) за разлика од пред неколку години кога смртноста беше поголема, што се должи на поквалитетен третман, нови лекови и поголем буџет за лекување односно поголемо издвојување по пациент на Клиниката за радиотерапија и онкологија

To top