Македонија

Од депонија до достоен град: Собрани 4.500 тони отпад од првите 72 часа

Над 4 и пол илјади тони ѓубре е собрано во последните 72 часа, информираше вечерва новиот градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски

Над 4 и пол илјади тони ѓубре е собрано во последните 72 часа, информираше вечерва новиот градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски. Тој на прес конференција вечерва во 20 часот од плоштадот Македонија рече дека исчистени се сите микро локации, плоштадот „Македонија“, градскиот парк, „Жена парк“ и реката Вардар.

Ѓорѓиевски потенцираше дека во последните 72 часа изречени се и 40 казни и 70 опомени за физички и правни лица, бидејќи не се држеле до законските прописи. Тој најави дека во следниот период дека ќе има и нови контејнери за таму каде што недостасуваат.

„Граѓаните кои ќе бидат совесни ќе бидат наградувани, а за другите ќе биде спроведувана казнена политика“, додаде Ѓорѓиевски.

Чистењето во првите 72 часа од неговиот мандат беше меѓу првите акции кои тој ги најави уште за време на предизборната кампања.

Најнови вести од: Македонија

Онлајн купувачи се жалат на проблеми при пазарењето, најчесто за бавна испорака

Бавната испорака е најчестиот проблем на е-купувачите. Повеќе од една третина (35,4%) од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии. Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41 отсто од купувачите.

Над 400 милиони денари само лани вложени во инфраструктура во Битола

Во тек се 10-ина нови проекти (реконструкција на улици и патишта, изградба на нови, комунална инфраструктура, спортски игралишта). Коњановски најави дека со почнувањето на градежната сезона ќе има многу работа во оваа календарска година, во која благодарение и на соработката со Владата веќе се склучени договори.

To top