Македонија

Од еврообрврзницата 700 милиони ќе одат за враќање долг од претходната влада

Покрај новите проекти мораме да враќаме и долгови на претходната Влада, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, зборувајќи за најновата еврообврзница од милијарда евра

 

„ Покрај тоа што ние градиме вакви објекти, градинки, училишта, сали, автопати, железници, ние ги враќаме и долговите на претходната влада. Минатата година во јануари вративме 500 милиони евра еврообврзница која ја земала претходната влада, а со дел од овие пари, 700 милиони евра, ќе вратиме друга еврообврзница која претходната влада ја земала пред 4 години – рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во текот на неговата денешна посета на дограденото основно училиште „Блаже Конески“ во Аеродром.

Ако се работи посветено, чесно, нема идеални услови се разбира, додаде тој, но покрај тоа што треба да се испорачаат проектите и да се изреализираат, треба да се вратат и долговите и на претходната влада.

„ Јас уште на крајот на минатата година кажав дека ќе биде тешка година, но план имаме и средствата се обезбедени “, дополни премиерот Мицкоски.

Тој посочи дека врвни светски компании се дел од заемодавателите на оваа еврообврзница кои што никогаш досега не се појавиле на Балканот

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top