Македонија

Од фирма блиска на СДСМ и Заеви извадени 21 тон марихуана (ВИДЕО)

Продолжува борбата на МВР против нелегалната трговија и производство на марихуана. Утрово во голема акција беа извадени 21 тон марихуана од фирмата CBD Medplant.

Еден од формалните сопственици на оваа фирма е Христијан Котев, но според нашите информации реален сопственик е неговиот татко Тони Коцев. Постариот Коцев е поранешен претседател на огранокот на СДСМ во Ново Село.

Токму Тони Коцев и неговите неколку бизниси, се поврзуваат со блиски бизнис релации со Вице Заев, брат на Зоран Заев.

Видео

„Курир“

Најнови вести од: Македонија

Над 20.000 Македонци ја напуштија земјата за продолжениот викенд

Министерството за внатрешни работи вели дека сите човечки и технички капацитети се ставени во функција за забрзување на протокот на патници. Пракса е речиси секој продолжен викенд голем дел од македонските граѓани да го поминуваат во странство

Почина сликарот Илија Пенушлиски

Илија Пенушлиски е роден во Скопје 1947. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1971 година. Во 1972/73 бил на постдипломски студии на институтот „Прат“ во Њујорк и има бројни самостојни изложби во земјава и во странство. Неговата последна изложба, изложба „Градот“, каде за првпат во својата плодна и светска кариера работи со дигитална графика, беше во 2018 во скопската галерија „Акантус“.

To top