Македонија

„Од ризниците на ансамблите“ тема на годинашната Ревија на народни носии

Струга

„Од ризниците на ансамблите“ е насловена годинашната Ревија на народни носии што в недела ќе се одржи во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга во организација на културно уметничкото друштво „Илинден“.

На сцената, како што информира за МИА Љупчо Милошески, раководител на КУД „Илинден“, ќе продефилираат пет реномирани ансамбли од Македонија со автентични народни носии.

– На сцената во Центарот за култура ќе продефилираат пет реномирани ансамбли, кои во своите депоа чуваат и на сцената користат автентични и оригинални народни носии, вброени во носии од прва категорија, што е голема реткост на македонската фолклорна сцена, истакна Милошески.
Покрај народните носии, додаде, публиката ќе има пожност да проследи и сценски настапи на друштвата.

Учесници на годинашната Ревија на народни носии се АНИП „Орце Николов“ и фолклорен ансамбал „Етнос“ од Скопје, како и културно уметничките друштва „8 Октпмври“ од Крива Паланка, „Илинден“ од Битола и „Мирче Ацев“ од Прилеп.

Ревијата на народни носии во Струга е со долгогодишна традиција, која по пауза од седум години, пред пет години беше возобновена од КУД „Илинден“

Најнови вести од: Македонија

Зошто во Македонија не може да се забрани користење на социјалните мрежи за малолетници до 15 години?!

Не бегаме од тоа да се менува законот за да имаме ваква можност, но опасноста е многу голема кога државата ќе реши да забранува одредени алатки за определена група луѓе. Тоа треба да го чуваме како последна мерка во можностите, а прва мерка се превенција и родителска контрола, велат од Владата.

Граѓаните со душа чекаат нормален паркинг на Клиника, оти со саати кружат барајќи место

Нема повеќе никакви пречки да се градат катни гаражи во кругот на клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Владата, на последната седница, донесе одлука за решавање на проблемот со паркирањето во Клиничкиот центар. Според Владата, со оваа одлука се создава правна основа за потпишување договор меѓу Министерството за здравство и Градот Скопје.

Трендафилов се претставува како жртва, а зема плата од скоро 1.000 евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Од пратеничката група сметаат дека Слободан Трендафилов ќе остане запаметен како „синдикалец“ кој нема склопено ниту еден договор корисен за македонскиот работник во текот на целиот негов мандат. Сметаат дека нападот врз Стојаноска е само доказ за немоќта на еден функционер кој го изгубил компасот и велат дека Трендафилов треба веднаш да си поднесе оставка и наместо да глуми жртва по медиуми, да подготви одбрана пред истражните органи за своето расипништво.

За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ видеото со децата на Трендафилов не е напад врз семејство

За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ објавеното видео не е напад, туку „огледало во кое Трендафилов не може да се погледне“, а „нападот“ врз Стојаноска бил само доказ за немоќта на еден функционер кој го изгубил компасот и кој кога нема аргументи, се служи со навреди и етикетирања.

(Фото): Претседателот на ССМ, Трендафилов, бара истрага – вели: „Ми ги следат децата“

Во пресрет на блокадата од страна на ССМ кон бизнис секторот, а во врска со барањата за минималната плата и повисоки плати на работниците, претседателот на ССМ Трендафилов побара сите надлежни институции да реагираат на објавата на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска. Трендафилов бара кривичен прогон за лицата кои ги следеле неговите деца.

To top