Македонија

Од сабота почнува увид во Избирачкиот список за локалните избори

Граѓаните, барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во изводите на Избирачкиот список што е ставен на јавен увид ги поднесуваат писмено до подрачното одделение на ДИК или месната канцеларија на подрачјето на живеење, или по електронска пошта до ДИК

 

Јавниот увид во Избирачкиот список за локалните избори закажани за 19 октомври започнува во сабота (23 август) и ќе трае 20 дена, односно до 11 септември на полноќ.

Државната изборна комисија треба да го потпише заклучениот Избирачки список, односно изводите од Избирачкиот список на кои се гласа, најдоцна на 3 октомври.

Граѓаните, барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во изводите на Избирачкиот список што е ставен на јавен увид ги поднесуваат писмено до подрачното одделение на ДИК или месната канцеларија на подрачјето на живеење, или по електронска пошта до ДИК. Со барањето се приложуваат и потребните докази. Барањата за запишување, дополнување или бришење на податоци во Избирачкиот список се поднесуваат во периодот од 23 август до 11 септември.

Увид во Избирачкиот список им се овозможува и на затворениците. Барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во посебните изводи од Избирачкиот список за време на јавниот увид, лицата во притвор или во затвор го поднесуваат преку органот надлежен за извршување на санкциите до ДИК, од 23 август до 11 септември.

ДИК по барањата и пријавите на граѓаните е должна да одлучи со решение во рок од 24 часа од денот на приемот на барањето. Против решението со кое се одбива барањето, граѓанинот во рок од 24 часа од приемот на решението може да поднесе тужба до Управниот суд по електронски пат. По тужба, Управниот суд решава во рок од 24 часа и одлуката веднаш му ja доставува на тужителот по електронски пат. Правосилното решение на Управниот суд донесено по тужбата за запишување, промена и бришење е составен дел на потпишаниот Избирачки список од страна на ДИК.

Министерството за внатрешни работи во рок од еден ден од завршувањето на јавниот увид на 12 септември доставува, листа на државјани кои поднеле барање за издавање нова лична карта или патна исправа по било кој основ од денот на распишување на изборите до денот на завршување на јавниот увид и листа на лица кои ќе наполнат 18 години до денот на изборите. ДИК податоците за овие лица ги впишува во избирачкиот список по службена должност.

Избирачкиот список во кој се извршени сите промени кои произлегле од јавниот увид, ДИК го заклучува најдоцна 15 дена по завршениот јавен увид, најдоцна на 26 септември. ДИК го потпишува заклучениот Избирачки список, односно изводите од Избирачкиот список на кои се гласа, најдоцна 15 дена пред денот на одржувањето на изборите односно најдоцна на 3 октомври.

Најнови вести од: Македонија

Новинарката Лиридона Вејсели испрати жалба до апелација

Новинарката Лиридона Вејсели поднесе жалба до Апелациониот суд против пресудата на Основниот суд во Гостивар, со која е осудена на глоба од 700 евра за кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ – поради тоа што во својот новинарски текст го објавила името и презимето на судијата Назиф Иљази од Основниот суд во Тетово.

Која е македонската фирма која се поврзува со запленетата дрога вредна 50 милиони евра

Компанијата која е дел од синџирот вреден 50 милиони евра а е регистрирана во скопско за производство и преработка на медицински канабис за само еден месец пренесле дрога тешка 5 тони

Филипче: Се гледа дека нашите политики не се лицемерни, туку се конзистентни

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју за Радио Слободна Европа остро го критикуваше актуелниот пристап на владата на ВМРО-ДПМНЕ кон минималната плата и животниот стандард на граѓаните, истакнувајќи дека за време на владеењето на СДСМ постоел континуиран и системски раст на платите, додека сегашната влада го прекинала тој процес и го замрзнала растот на 400 евра.

Мицкоски: „Безбеден град“ не е за пари, туку за спасување животи – толеранција од 15 % над дозволената брзина

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека првиот ден од функционирањето на системот за видео надзор и казнување „Безбеден град“ поминал без евидентирани поплаки од граѓаните.

To top