Македонија Бизнис Регион

Од сега намален метеж на „Табановце“ со новиот систем за гранична контрола

Од Владата велат дека со ова ќе се намали метежот на границата, кој во летниот период е оптоварен поради летните одмори и патувањата од нашиот северен сосед кон Грција. Ваквиот систем веќе функционира со Косово, на граничните премини „Блаце“ и „Јажинце“.

Ќе станат ли минато гужвите, односно големиот метеж на граница каде се чекаше со часови?! На граничниот премин „Табановце-Прешево“ со Србија ќе биде ставен во функција системот One Stop за заедничка интегрирана контрола. На свеченото отворање на One Stop системот ќе бидат присутни министрите за внатрешни работи на Македонија и Србија, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ.

Воведувањето на овој систем, според изјавата на министерот Тошковски, ќе овозможи многу поекспедитивен проток на граѓани на „Табановце-Прешево“, кој во моментов е најоптоварениот граничен премин во земјата. Овој современ начин на контрола има за цел да ја намали гужвата на границите, особено во текот на летните месеци кога патувањата се поинтензивни.

One Stop системот веќе функционира со Косово на преходите Блаце и Јажинце. Во тек се преговори и со Албанија за воведување на овој систем на два гранични премини, додека со Бугарија и Грција, како членки на ЕУ и на Шенген-зоната, ќе се имплементираат само организациски подобрувања.

Најнови вести од: Македонија Бизнис Регион

Финансова со кривична за затајување данок од 380.000 евра

Првопријавениот В.Р. во периодот од 2011 година до 2019 година, свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист, подигнал парични средства во готово во износ од 53.872.587 денари, на име „материјални и патни трошоци“ без да изготви и достави документација.

To top