Македонија

Одземени возила од двајца малолетници

Знаеле дека го кршат законот

Во два дена во Охрид и Струга полицијата одзела две возила управувани од двајца маолетници, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

На 01.03.2026 во 23:40 часот, при контрола во патниот сообраќај на пресекот на улиците „Сатеска“ и „Гоце Делчев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид од сообраќај исклучиле патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки откако утврдиле дека возилото го управува малолетник кој нема положен возачки испит и сè уште нема стекнато право за управување моторно возило. Во присуство на родител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

На 02.03.2026 во 01:15 часот, при контрола во патниот сообраќај извршена во струшката населба „Тефериќ“, полициски службеници од ОВР Струга од сообраќај исклучија патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки откако утврдија дека возилото го управува малолетник кој нема положен возачки испит и сè уште нема стекнато право за управување моторно возило. По насоки од јавен обвинител со малолетникот е извршен службен разговор, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава, информира Стефан Димоски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top