Македонија

Огромна трагедија во Кичевско, загинаа две девојчиња

Возилото излетало од патот

Две малолетнички починале откако четирициклот со кој се возеле излетал од пат во Кичевско.

Синоќа околу 18 во ОВР Кичево било пријавено дека на локален пат во село Колибари, Кичевско, 15-годишна малолетничка од истото село, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, изгубила контрола и со четирициклот излетала од коловозот.

Двете малолетнички починале на местото на настанот откако четирициклот паднал покрај патот.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починале малолетничката и нејзината малолетна сопатничка од с.Грешница, Кичевско.

 

Како што информираат од МВР, лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево

Најнови вести од: Македонија

И оние што во летната сезона ќе работат во странство ќе мора да платат данок кон УЈП

Голем број македонски студенти кои во изминатите пет години учествувале во програмите за летна работа во Германија (Work & Travel) се соочуваат со неочекувани барања од Управата за јавни приходи (УЈП) за пријавување и оданочување на нивните приходи остварени во странство, пишува инстаграм страницата Студентарија.

To top