Македонија

Охридското езеро ќе се порибува со 1,6 милиони единки пастрмка годинава

Охридското Езеро годинава се планира да биде порибено со околу 1,6 милиони единки на ендемичниот вид охридска пастрмка, што е за околу 500 илјади повеќе во споредба со минатата година, информира заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Албрим Хоџа при посетата на Хидробиолошкиот завод во Охрид.

Заедно со претставниците на Државниот инспекторат за земјоделство Мирко Укоски и Арбнор Арифи Албрим Хоџа се запозна со вештачкото размножување на охридската пастрмка и подготовките за порибување на езерото. „Охридската пастрмка е едно од најголемите богатства на нашето езеро и нејзината заштита е наша заедничка одговорност.“ – истакна Хоџа.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како што беше посочено, ќе продолжи со активностите и институционалната поддршка за заштита, размножување и зачувување на охридската пастрмка како автохтон вид и едно од најзначајните природни богатства на Охридското Езеро.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top