Македонија

ОМО Илинден – Пирин до Јотова: Не ни недостигаат никакви документи за регистрација, бугарските судови постојано измислуваат нови барања!

Сопретседателот на Организацијата на Македонците во Бугарија ОМО Илинден – Пирин Стојко Стојков ги отфрла тврдењата на бугарската потпретседателка Илијана Јотова дека при обидите за регистрација на здружението недостигаат документи. Тој тврди дека организацијата ги исполнува барањата, но судовите секогаш наоѓаат нови забелешки.

Здружението на Македонците во Бугарија ОМО „Илинден“ – Пирин жестоко ѝ одговори на бугарската претседателка Илијана Јотова дека постојано доставува некомплетни документи за регистрација. Јотова во Стразбур изрази надеж дека наскоро ќе заврши „сагата ОМО ‘Илинден’“, но од Здружението тврдат дека судовите постојано наоѓаат нови забелешки. – Тоа е комплетна невистина. Кога поднесуваме документи, ние ги поднесуваме по урнекот на документите на регистрирани организации препорачани од бугарските власти како перфектни – изјави за „Вечер“ коптрестседателот на ОМО „Илинден“- Пирин, Стојко Стојков.

Неговата реакција следува по посетата на Јотова на Стразбур и средбата со генералниот секретар на Советот на Европа Ален Берсе. Меѓу темите било и извршувањето на пресудите во групата предмети ОМО „Илинден“ против Бугарија. Советот на Европа потврди дека токму ова прашање било предмет на разговорите.

Јотова претставила поинаква слика. Таа рекла дека Бугарија ги спровела досегашните препораки и го променила законодавството за да овозможи регистрација, но дека при поднесувањето барања од ОМО „Илинден“ недостигала документација. – Тие секојпат пропуштаат по некој документ – изјавила Јотова во Стразбур.

Стојков категорично го оспорува тоа објаснување. Според него, кога организацијата ќе постапи според една забелешка, во следната фаза се појавуваат други. – Кога ќе поднесеме ние документи, наеднаш судот наоѓа десетици проблеми што не ги видел порано. Судовите на секое ниво даваат различни забелешки – вели Стојков.

– Различни судови во различни делови на земјата даваат различни забелешки и ако постапиме по нив, наоѓаат нови – додава Стојков.

На прашањето дали по изјавата на Јотова организацијата конечно може да добие прецизен список на документите што наводно недостигаат, Стојков одговара дека, според него, такви документи воопшто нема. – Сето го исполнуваме, но тие само си измислуваат. Треба да запрат да го нарушуваат законот и да нè регистрираат – вели Стојков.

Според соопштението од средбата на Јотова со генскот на Советот на Европа, пак, генсекот Берсе оценил дека Бугарија бележи напредок во мерките за гарантирање на правото на здружување и изразил надеж дека надзорот би можел да биде затворен во март 2027 година. Прашањето останува под европски надзор и деновиве: Комитетот на министри од 15 до 17 септември во Стразбур ја одржува редовната седница посветена на извршувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права.

„Плус инфо“

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Кина гради дури 90 дата центри во град со два милиона жители

Меѓу полињата со сончогледи и сирак во Внатрешна Монголија во Кина никнуваат огромни комплекси што ги носат имињата на Хуавеи, социјалната платформа Куаишоу и давателот на услуги за податоци VNET.

ММФ: Македонија со раст на БДП од 3,5%, инфлација од 4%

Jавните финансии, модернизација на инфраструктурата, енергетска ефикасност, образование, социјална заштита и земјоделство, ова се темите на кои македонската делегација бара можности за подобрување на состојбите на годишните средби на светска банка и Меѓународниот монетарен фонд кои оваа година се одржуваат во Бангкок, Тајланд.

Нацрт-ДУП-от за Барутана на Водно нема да се најде пред Советот на Општина Центар, но до кога?!

Донесувањето на нацрт деталниот урбанистички план „Барутана“ е законска обврска на Општината, нагласи градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и не сакаше попрецизно да објасни за, како што кажа, изречените невистини во врска со овој план.

Групацијата 4iG ги поврзува телекомуникациите и вселенските технологии за нов бран иновации на Западен Балкан

Групацијата 4iG има за цел да стане првата компанија на Западен Балкан која ќе овозможи директно сателитско поврзување со мобилните уреди. Ова го истакна Пал Заранди, претседател на Одборот на директори на „Оне Македонија“ и директор на стратегии во Групацијата 4iG, за време на осмиот Дигитален самит за Западен Балкан, одржан во Херцег Нови. Договорот […]

To top