Македонија

ОМО „Илинден“ – Пирин: Гоце умре, но не и неговата идеја! Ја чуваше чистотата на македонското дело со посебна жар!

„Гоце Делчев е светилникот на македонската слобода. Пред 123 години згасна неговиот живот, но не и неговата идеја. Делчев не е само име во историјата, тој е вечна искра што ги буди генерациите. Да се поклониме пред неговата жртва и да ја чуваме Македонија со истата љубов и решителност со која тој ја бранеше.’ – објави ОМО „Илинден“ – Пирин, нполитичката организација на Македонците од Пиринскиот дел на Македонија, денес во Бугарија, преку својот фејсбук-профил.

Натаму ОМО „Илинден“ – Пирин во објавата истакнува: Споделуваме сведоштво од мелничанецот Иван Анастасов-Грчето за чистотата на македонското ослободително дело, кое Делчев го чувал со посебна жар, за што посведочија и документите од изминативе денови. Бугарија за Делчев е туѓа и надворешна и не сакал воопшто со неа да се преплетува ослободителното дело на Македонците.

„До тогаш бев во магла. Тргнав со четата, ама што ќе правам, право не знаев. До тогаш мислев, дека револуцијата е лесна работа, само да се внесат нешто пушки и др. Делчев објасни: не може да се надеваме на туѓа помош, да не чекаме помош од Бугарија ни од која да е друга сила, туку треба да се подготвиме од внатре – во душата, секој селанец да се вдахнови од таа идеја, се да се подготви и тогаш да се крене масовно востание. До тогаш никој од надвор да не се меша во нашата работа итн.“ – сведочел Иван Анастасов-Грчето


Слава му на Гоце Делчев!

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

To top