Македонија

ОМО ИЛИНДЕН Пирин открива како за Бугарите Македонците не биле Бугари а Албанците биле Арнаути

За самите Бугари во официјални државни документи Македонците секогаш биле Бугари

Партијата на Македонците во Бугарија ОМО ИЛИНДЕН Пирин открива како за Бугарите Македонците не биле Бугари а Албанците биле арнаути.

ОМО ИЛИНДЕН Пирин пренесува информации од истражувачот и историчар Гоце Панговски кој ги истражува и бугарските историски архиви и официјалните изданијата на бугарската историографија.

Во книга која ја опишува состојбата по бугарската окупација на Македонија во 1941 година јас и се гледа дека за Бугарите тогаш Македонците не биле Бугари туку само Македонци.

Ова е во директна спротивставеност со официјалната бугарска позиција дека Македонците до 1944 биле Бугари а самата бугарска држава на Македонците во 1941 им се обраќа со Македонци.

Истовремено според текстот објавен во официјалната хроника на владата во Софија за Бугарските власти Албанците не биле Албанци туку арнаути.

Што пишува во таканаречените ,,БУГАРСКИ ПРИЗНАНИЈА”:

Во првата година од окупацијата, на ден Илинден бугарскиот окупатор во повеќе градови сакал да го искористи денот за да ја шири својата пропаганда врз населението.

 

Началникот на бугарската окупаторска регионална полиција во Битола испратил доверлив извештај до директорот на бугарската полиција во Софија, во кој самите Бугари признаваат дека Македонците го славеле Илинден и тоа со портрети на Гоце Делчев и пароли за ослободување на Македонија, против фашистичкиот окупатор, хитлeристите – враговите на Македонија.

 

На 1-ви август 1941 биле раширени летоци низ Битола:

“Позив до македонците, арнаутите, турците и власите. Две години се навршуваат…излезете сите на демонстрација!

Долу фашистите хитлеристи, врагови на македонската слобода!

Да живее СССР и неговата црвена армија!

Да живее ИЛИНДЕН!

Да живее слободна Македонија”

 

На 2-ри август 1941, бугарската полиција ги открила двајцата прилепчани Димитар Димов (на 25г.) и Тодор Петров (на 15г.), кои со себе носеле плакати на платно со текст:

“Не сакаме војна со никого”, a на вториот бил насликан портрет на ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ со натпис:

“ДЕЛЧЕВ ЗАГИНА ЗА СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА”

 

Ова е само уште еден доказ за самосвеста на Македонскиот народ дека е различен од Бугарскиот окупатор; за што се борел Гоце Делчев – па оттаму и првиот македонски партизански одред што на 11 октомври, 1941 г. го изврши нападот врз бугарскиот полициски участок во Прилеп биле именуван „Гоце Делчев“.

 

Најнови вести од: Македонија

To top