Македонија

Онлајн настава во 4 училишта во Гази Баба

По пожарот во Трубарево и по препораките на Државниот инспекторат за животна средина

Министерството за образование и наука информира дека наставата во основните училишта „Крум Тошев“, „Његош“, „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски Борче“ во општина Гази Баба, од денеска, 15 септември, до петок, 19 септември, ќе се одвива без физичко присуство на учениците во училиштата, туку преку интернет.

Оваа одлука доаѓа поради пожарот во Трубарево, општина Гази Баба и препораките на Државниот инспекторат за животна средина.

На итна седница на Владата беше усвоен Заклучок дека наставата во четирите основни училишта ќе се одвива преку учење од далечина, со користење на електронски комуникациски алатки.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top