Македонија

Опожарени три возила, приведени двајца осомничени

Поради сомнение дека го предизвикале пожарот, од слобода се лишени Ф.Ц.(23) и И.Ц.(24), двајцата од Скопје

Ноќеска, во 02:20 часот во СВР Скопје бил пријавен пожар на паркинг простор од Спортскиот центар „Јане Сандански“ на подрачје на општина Аеродром.

Биле опожарени товарно возило „ивеко“  и товарно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, двете сопственост на правно лице од Скопје и патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Е.С. од Прилеп.

Во 02:50 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а по преземени мерки и активности на полициски службеници од Полициската станица Аеродром и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, поради сомнение дека го предизвикале пожарот, на булеварот „АСНОМ“ од слобода се лишени Ф.Ц.(23) и И.Ц.(24), двајцата од Скопје.

Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top