Македонија

Опозицијата ја напушти седницата: СДСМ реши да не учествува поради резолуцијата за миграција

Пратениците од опозициската СДСМ денеска ја напуштија собраниската седница за време на опозициските пратенички прашања, откако координаторот на нивната група, Оливер Спасовски, упати остри критики кон власта за отсуство на министри и за резолуцијата поднесена од владејачката коалиција за осуда на манипулациите околу миграцијата.

Пратениците од опозициската СДСМ денеска ја напуштија собраниската седница за време на опозициските пратенички прашања, откако координаторот на нивната група, Оливер Спасовски, упати остри критики кон власта за отсуство на министри и за резолуцијата поднесена од владејачката коалиција за осуда на манипулациите околу миграцијата.

„Прво, во однос на пратеничките прашања за коишто гледаме дека практично не се присутни оние на коишто треба да им се поставуваат… Значи, нема цел да имате опозициски пратенички прашања, кога тие коишто треба да ги прашате не се тука, а се должни да бидат тука и да одговараат пред народното Собрание“, рече Спасовски.

Тој ја критикуваше и резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ: „Во 2025 година резолуција со која што се осудува опозицијата, апсолутно е неприфатливо… И вие на основа на ништовна одлука, сакате да донесете нова одлука на Собранието“.

По ова, пратеничката група на СДСМ ја напушти седницата.

Собранискиот спикер Африм Гаши истакна дека опозициските прашања се можност за опозицијата да бара одговори од Владата и дека е потребно подобрување на односот на Владата кон Собранието.

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, изрази зачуденост: „СДСМ ја напушти седницата за поставување опозициски пратенички прашања… опозицијата бега од своите опозициски пратенички прашања“. Тој нагласи дека резолуцијата не ја осудува опозиција, туку манипулации, и праша зошто СДСМ не ја доставила својата најавувана резолуција.

Претходно, пратеникот од ДУИ Талат Џафери бараше тргнување на резолуцијата од дневен ред, критикувајќи дел од наводите во неа.

Седницата продолжи без опозицијата од СДСМ.

Најнови вести од: Македонија

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top