Македонија

Општина Илинден доби дом за стари лица, премиерот рече дека се подобрува квалитетот на живот на граѓаните

Домот нуди концепт на функционирање во кој грижата за повозрасните не подразбира само сместување, туку целосен систем на здравствена, социјална и психофизичка поддршка, достоинствен живот и активно секојдневие.

Во присуство на премиерот Христијан Мицкоски свечено беше пуштен во употреба Домот за стари лица „Оаза“ на компанијата „Адора“, кој се наоѓа во Општина Илинден. Обраќајќи се пред присутните, Мицкоски истакна дека станува збор за значајна приватна инвестиција која придонесува за подобрување на услугите и квалитетот на живот на граѓаните. Тој упати честитки до инвеститорот и сопственикот на домот, нагласувајќи дека вложувањата во вакви проекти претставуваат пример за општествено одговорно претприемништво.

  • „За мене луѓето коишто влегуваат во вакви инвестиции се во суштина најголемите патриоти, коишто обезбедуваат едно работно место повеќе и се грижат да обезбедат плата повеќе во месецот“, истакна Мицкоски.

Премиерот додаде дека Владата ќе продолжи да биде партнер на бизнис-заедницата, оценувајќи дека успешниот бизнис и успешната држава се меѓусебно поврзани.

Домот „Оаза“ е приватна институција и претставува најсовремен и најголем дом за стари лица во регионот, со капацитет од 150 корисници, а во прва фаза се започнува со 64 корисници.

Домот нуди концепт на функционирање во кој грижата за повозрасните не подразбира само сместување, туку целосен систем на здравствена, социјална и психофизичка поддршка, достоинствен живот и активно секојдневие.

Во состав на „Оаза“ функционира сопствена амбуланта, амбулантно возило, најсовремено опремена сала за физикална терапија, фризерско студио, како и „Оаза“ кафе-бар – простор за дружење на корисниците, посетителите и нивните семејства. Комплексот е проектиран како самостоен и енергетски ефикасен објект, со современи системи и соларни панели, развиен според европски концепти и искуства стекнати преку посети на установи во Италија и Швајцарија.

Најнови вести од: Македонија

Британски агенции ги предупредуваат родителите да не објавуваат фотографии од своите деца на интернет

Тие ги предупредуваат родителите да не објавуваат фотографии од нивните деца на интернет, бидејќи со помош на ВИ тие можат да се претворат во порнографски материјал

Нова метода за прецизна дијагностика на срцеви заболувања – првпат извршена во Македонија

Тимот за интервентна кардиологија при ГОБ „8ми Септември” воведе нова, иновативна метода – „CoroFlow” – софистициран софтверски медицински систем за прецизна проценка и детектирање дисфункција во микроциркулацијата на срцевиот мускул, информира Министерството за здравство

To top