Македонија

Општина Илинден со зголемен број првачиња во новата учебна година

Оваа година, во училишните клупи во општина Илинден за првпат седнаа 184 првачиња, што претставува зголемување од над 20 проценти во споредба со минатата година.

Во услови кога на државно ниво се бележи намалување на бројот на запишани ученици, растот на бројот на првачиња во општина Илинден е особено позитивен показател за развојот на општината, како и на зголемување на бројот на млади семејства и деца кои живеат во неа. По повод почетокот на учебната година, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, ги посети општинските основни училишта „Гоце Делчев“, „Ристо Крле“ и „Браќа Миладиновци“, им посака добредојде на најмладите ученици и им подели ранци со училишен прибор.

Покрај традиционалното обезбедување ранци и училишен прибор за секое прваче, оваа година Општина Илинден воведе и нова мерка за поддршка на семејствата, каде за првпат, секое прваче добива и финансиска поддршка во износ од 3.000 денари. Со оваа мерка, Општина Илинден дополнително им помага на родителите во периодот кога започнуваат новите училишни обврски, а воедно ја потврдува определбата за континуирана поддршка на најмладите жители и нивните семејства.

Во текот на летниот распуст, во училиштата на територија на Општина Илинден беа реализирани повеќе активности за подготовка на објектите и подобрување на условите за непречено одвивање на воспитно-образовниот процес, што дополнително ја потврдува заложбата на општината за подобрување на воспитно-образовниот процес на учениците. Во основните училишта на територија на општината годинава има околу 1.630 ученици, додека во средното училиште има 300 ученици.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Кина гради дури 90 дата центри во град со два милиона жители

Меѓу полињата со сончогледи и сирак во Внатрешна Монголија во Кина никнуваат огромни комплекси што ги носат имињата на Хуавеи, социјалната платформа Куаишоу и давателот на услуги за податоци VNET.

ММФ: Македонија со раст на БДП од 3,5%, инфлација од 4%

Jавните финансии, модернизација на инфраструктурата, енергетска ефикасност, образование, социјална заштита и земјоделство, ова се темите на кои македонската делегација бара можности за подобрување на состојбите на годишните средби на светска банка и Меѓународниот монетарен фонд кои оваа година се одржуваат во Бангкок, Тајланд.

Нацрт-ДУП-от за Барутана на Водно нема да се најде пред Советот на Општина Центар, но до кога?!

Донесувањето на нацрт деталниот урбанистички план „Барутана“ е законска обврска на Општината, нагласи градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и не сакаше попрецизно да објасни за, како што кажа, изречените невистини во врска со овој план.

Групацијата 4iG ги поврзува телекомуникациите и вселенските технологии за нов бран иновации на Западен Балкан

Групацијата 4iG има за цел да стане првата компанија на Западен Балкан која ќе овозможи директно сателитско поврзување со мобилните уреди. Ова го истакна Пал Заранди, претседател на Одборот на директори на „Оне Македонија“ и директор на стратегии во Групацијата 4iG, за време на осмиот Дигитален самит за Западен Балкан, одржан во Херцег Нови. Договорот […]

To top