Македонија

Општина Карпош ги награди првенците на генерација

Општина Карпош упатува честитки до учениците, нивните родители и наставници за вложениот труд и резултатите и им посакува уште поголем успех во понатамошното образование

Заменик-градоначалникот на Општина Карпош, Неделчо Крстевски, денеска ги прими најуспешните ученици – првенците на генерацијата 2025/2026 година, од десетте општински основни училишта.

Во знак на признание за нивниот исклучителен успех, посветеност и вложен труд, Општина Карпош им додели парична награда во висина од 10.000 денари, како поттик за нивен понатамошен образовен развој. Како дополнително признание за постигнатите резултати, првенците добија и седумдневно летување во кампот „Каливас“ во Грција. Средствата за наградите на првенците на генерација се озбезбедени од Програмата на Одделението за образование на Општина Карпош.

Првенци на генерацијата 2025/2026 година се:

1. Нина Каламадевска од ООУ „Братство“,

2. Софија Ѓоргон од ООУ „Димо Хаџи Димов“,

3. Михаил Јачовски од ООУ „Јан Амос Коменски“,

4. Јане Јанев од ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“,

5. Ива Бухова од ООУ „Петар Поп Арсов“,

6. Николина Костовска од ООУ „Аврам Писевски“,

7. Надја Бежоска од ООУ „Војдан Чернодрински“,

8. Дариа Алексовска од ООУ „Лазо Трповски“,

9. Анастасија Цветаноска од ООУ „Владо Тасевски“ и

10. Александра Димитрова од ООУ „Вера Циривири Трена“.

Општина Карпош упатува честитки до учениците, нивните родители и наставници за вложениот труд и резултатите и им посакува уште поголем успех во понатамошното образование.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top