Македонија

Општина Карпош им посака топло добредојде на 670 првачиња со нови ранчиња и училишен прибор

Општина Карпош

Утрово одекна училишното ѕвонче и радосно ги повика малите карпошани, кои годинава прв пат седнуваат во училишните клупи. Оваа учебна година, 670 првачиња од општина Карпош го започнуваат своето големо образовно патување во десетте основни училишта низ Карпош. По тој повод, градоначалникот Сотир Лукровски, беше дел од приредбата за добредојде на првачињата во ООУ ,,Вера Циривири Трена”. Во оваа пригода, Лукровски ги поздрави малите основци и им посака успешна учебна година.

– „Ми претставува особена чест што денеска меѓу нас е и потомокот на хероината Вера Циривири – Трена, кој пак има свој внук кој е ученик во ова основно училиште. За да им го разубавиме првиот училишен ден и да им дадеме дополнителна поддршка на почетокот на нивното образование, на секое прваче му следува бесплатно ранче со основен прибор за работа. Нека ранчето биде исполнето не само со книги и училишен прибор, туку и со љубопитност, знаење, пријателства, насмевки и убави спомени. Драги првачиња, ви посакуваме среќен почеток, многу петки, нови другарчиња и училишни денови исполнети со радост“ – порача првиот човек на Општината.

Секое училиште со пригодна приредба ги пречека своите нови другарчиња, кои од оваа година ќе се запознаат со новите предизвици и ќе стекнат нови навики и обврски. Имено, во новата учебна година Општината обезбеди бесплатни ранчиња со основен прибор за работа на првачињата, како дел од Програмата за образование при Секторот за дејности од јавен интерес.

Со оваа поддршка, Општина Карпош сака да им го олесни почетокот на првачињата и нивните семејства, но и да испрати јасна порака дека вложувањето во најмладите и во нивното образование е еден од најважните приоритети. Општина Карпош и оваа година се грижи за најмладите жители и нивниот безгрижен почеток на образовниот пат. Среќен прв училишен ден, првачиња. Нека секој нов ден биде нова страница исполнета со знаење, љубопитност и убави спомени.

Најнови вести од: Македонија

Хориха: Македонијо, ти благодарам за љубовта и довербата! Ти стана за мене многу повеќе од само една земја!

Украинскиот ракометар Дмитро Хориха и официјално доби право да настапува за македонската машка ракометна репрезентација. Тој испрати посебна порака до земјата во која, како што вели, веќе не ја гледа само средината во која живее и игра ракомет. „Ти благодарам, Македонијо, за довербата, за љубовта и за тоа што стана многу повеќе од само една […]

(Видео): Филипче и Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Жителите на улицата „Партение Зографски“ на Водно алармираат за градежни активности во непосредна близина на главната водоводна цевка и стравуваат од можни оштетувања и проблеми со водоснабдувањето. Се бара итен инспекциски надзор и одговори од Општина Центар за контролата на изградбата и безбедноста на водоводната инфраструктура.

(Фото): Кога талентот има поддршка, успесите немаат граници – Четири години заедничка приказна на „Триглав“ со Македон Димитровски

За знаењето и талентот не постојат граници, ниту пак години. Македон Димитровски, момчето чие име веќе години наназад е синоним за вонсериски математички ум и гордост на нашата земја, продолжува да реди успеси и да го потврдува својот исклучителен потенцијал на домашната и меѓународната сцена.

Неврологот Барбов се чувствува злоупотребен од Ива: Предложив да се лекува во Бугарија, но таа се преправаше!

Неврологот Иван Барбов вели дека се чувствува злоупотребен од страна на Ива Михаилова, која доаѓала кај него на лекување со посттраумтска повреда по сообраќајната несреќа.

Мицкоски: Бугарските политичари прават естрадна ѕвезда од Ива Михајлова, а од татко ѝ кловн, но двајцата ќе одговараат когаш-тогаш!

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарски прашања во Владата, рече дека е апсолутна лага оти Ива Михајлова легално ја напуштила Македонија и влегла во Бугарија и изрази жалење што бугарските власти, наместо да ја вратат, прават естрадна ѕвезда од неа порачувајќи дека „когаш-тогаш таа и татко ѝ ќе одговараат пред македонските власти“.

Забрана за пиење на водата од пет јавни чешми во Општина Гевгелија, поради утврдени микробиолошки и физичко-хемиски отстапувања од нормите

Општина Гевгелија ја забрани водата за пиење од пет јавни чешми, согласно добиените резултати од Центарот за јавно здравје во Велес. Како што информираат од Општината, по направени анализи на пет места, резултатите од редовното испитување покажале дека водата не ги исполнува условите за безбедност и квалитет за пиење. Станува збор за природната чешма „Мурџева“ во Негорци, спомен-чешмата „Катерина“ во Конско, природната чешма на патот во Старо Конско, природната минерална чешма во Смрдлива Вода и водата од водоводот во Смрдлива Вода.

Венетски: Бугарите имаат криза на идентитетот, се срамат од сопствениот и бегаат кон македонскиот идентитет!

„Со паради и театар, како овој со Цар Самоил или поновиот со Ива Михаилова, Бугарите јасно покажуваат дека имаат класична криза на идентитетот и се срамат од тоа што се, па незадоволни од сопственото бараат друг идентитет, во овој случај македонскиот идентитет.“, изјави истражувачот Дардан Венетски во „За Македонските работи“ на ТВ Алфа.

Најнови вести

To top