Македонија

Орце Ѓорѓиевски : Да создадеме Скопје кое ќе биде пример за хуманост

Денеска имав можност да се сретнам со претставници на Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“, новинарката Мери Јордановска, Ирена Ристиќ и волонтери од Скопје, сподели на социјалните мрежи Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје. „Дискутиравме за клучно прашање што бара целосна посветеност кон заедницата – хуман пристап во решавањето на проблемот со […]

facebook.com/1OrceGj

Денеска имав можност да се сретнам со претставници на Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“, новинарката Мери Јордановска, Ирена Ристиќ и волонтери од Скопје, сподели на социјалните мрежи Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје.

„Дискутиравме за клучно прашање што бара целосна посветеност кон заедницата – хуман пристап во решавањето на проблемот со бездомните животни, што истовремено ќе ја подобри безбедноста на граѓаните во Скопје. Заеднички се согласивме дека со вистински политики и искрена заложба можеме да создадеме град во кој животните ќе бидат згрижени и заштитени, а не запоставени. Скопје заслужува да го реши ова прашање од хуманитарен, здравствен, безбедносен и економски аспект.

На средбата разменивме предлози за подобрување на условите во прифатилиштата, за контрола на популацијата на бездомни животни преку стерилизација и чипирање, промовирање на вдомувањето, како и едукација на граѓаните за одговорно сопствеништво. Уверен сум дека заеднички можеме да изградиме Скопје што ќе биде пример за хуманост – град каде граѓаните ќе се чувствуваат безбедно, а секое животно ќе има достоинствен живот. Ајде да создадеме иднина во која грижата, емпатијата и одговорноста ќе бидат основата на нашата заедница“, напиша Ѓорѓиевски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП на кој ќе разговараме за глобалните предизвици, а ние ќе ставиме акцент и на проширувањето на ЕУ

Сите оние постигнувања и реформи коишто изминатите месеци како ВМРО-ДПМНЕ, односно како македонска Влада ги направивме, потенцира во изјавата Мицкоски

(Фото): Пролетна генералка на Скопје, јавните претпријатија на терен

Координирана акција за темелно чистење на сите површини под надлежност на Град Скопје започна денеска во утринските часови. Екипите на сите јавни претпријатија се вклучија во пролетната генералка на Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека ова е јасна порака дека редот, чистотата и грижата за заедничкиот простор стануваат секојдневие.

Морничави детали на судењето за убиството во Штип: Делови од телото и крвавата облека фрлени во контејнери

Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес против 75 годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Според обвиниението Асанов се товари за кривично дело „убиство“ извршено при родово базирано насилство на брутален начин. Пред Судот денеска сведочеа роднина на убиената Николова и инспектори од СВР-Штип, кои работеле на случајот.– Во домот на обвинетиот беа пронајдени секира, мотика, тесла, и дрвена рачка, на кои имаше траги од крв. Анализите покажаа дека потекнуваат од женско лице. Во купатилото, ходникот и кујната, откриени се траги на човечко ткиво, а според вештачењето, телото било влечено од дневната соба кон купатилото – рече во својот исказ вработен во СВР-Штип.

Пренџов до Тренчевска: Во уплав сте како лист, што ќе падне, само се чека ветерот да го турне! Новиот обвинител да ги истражи Заев и неговиот клан!

„Не можете никој, од прв до последен, да ја скриете исплашеноста и уплавот, кој што го имате од тоа, што ќе се случува во Република Македонија. Зошто? Бидејќи имате јавен обвинител кој де го фалите, де ќе гласате против него, де можеби ќе биде партиски. Но, Ви се враќаат спомените за сите криминали, кои сте ги правеле во министерствата, во владата, во општините и се однесувате како лист во октомври што знаете дека ќе падне на земјата но се чека ветерот кој ќе го бутне!“ – изјави пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Љупчо Пренџов, обраќајќи ѝ се директно на пратеничката Јована Тренчевска, инаку и потпретседателка на СДСМ, на денешната седница на Собранието при изборот на новиот државен обвинител Ненад Савески.

Најнови вести

To top