Македонија

Ослободување на територијата на Карпош: Хумано решение за безбеден живот

Кандидат за градоначалник на Карпош

Личен став на Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош

Граѓаните на Скопје, а особено на Општина Карпош, со години живеат со чувство на страв и несигурност поради сè поголемиот број на улични кучиња. Многумина избегнуваат вечерни прошетки, родителите се плашат да ги пуштат децата сами надвор, а постарите лица се затвораат во своите домови. Ова не е начин на живот што го заслужуваме ние, граѓаните на Карпош. Крајно време е, со конкретни мерки, да се реши овој проблем, а не како досега, да се игнорира!

Јас, Сотир Лукровски, во мојата програма имам хумано и одржливо решение за сите бездомни кучиња во Карпош.Хуманото и ефикасното решение e перманетно засолниште за уличните кучиња! Овој проблем не се решава со игнорирање или со сурови мерки. Во текот на мојата кампања ги слушнав сите можни предлози, но малкумина понудија вистинско, долгорочно решение – перманентно и хумано отстранување на сите бездомни кучиња од територијата на Карпош.

Јас лично имам две кучиња и не дозволувам никакво нечовечно постапување кон животните. Меѓутоа, моето решение е јасно, спроведливо и фер. Тоа се темели на ангажман на приватно прифатилиште, каде што секое куче ќе биде третирано со грижа, почит и човечност.

Во прифатилиштето, кучињата ќе бидат првенствено стерилизирани и вакцинирани. Секое кутре ќе имаат редовна исхрана и чиста вода, ветеринарна грижа и хигиенски услови за престој, и најважно, можност за вдомување и нов живот.

Клучот на успехот лежи токму во вдомувањето – преку соработка со странски организации, љубители на животни и доброволци, особено туристи од северно европските земји, со кои ќе овозможиме многу од овие животни да најдат свои нови семејства. Ова е четиригодишен проект, со јасен план, контрола и одговорност.  Со ваков четиригодишен пристап, обезбедуваме двоен бенефит – граѓаните повторно ќе се чувствуваат безбедно затоа ппто кутрињата ќе се дислоцираат уште во првите 6 месеци, а животните ќе имаат достоинствен и убав живот.

Мојата визија и решение за Карпош е општина без страв, општина со љубов кон животните и почит кон човекот. Општината мора да биде пример за европско управување – со хуман, модерен и одговорен пристап кон секој проблем. Карпош е далеку од некаква Паланка и не смее да дозволи сегашното (дваесет години глутници по улиците) да стане нормално. Тоа јас нема да го дозволам!

Преку партнерство со приватно засолниште за кучиња – повеќегодишен договор  за деловна соработка, и редовна контрола од општинските служби, ќе воспоставам транспрентен систем кој е и одржлив, и етички исправен.

Партиципацијата на граѓаните е суштински дел од овој проект. Ги повикувам сите жители на Карпош да ми се придружат во оваа мисија. Да покажеме дека еднаш можеме, да живееме во безбеден и нормален Карпош. Да создадеме општина каде што децата повторно ќе играат на улиците без страв, старите лица ќе шетаат со спокој, а секое улично кутре ќе има место каде ќе биде згрижено, нахрането и сакано.

Јас сум убеден сум дека примерот што Карпош ќе го постави, брзо ќе биде прифатен и од останатите општини – и во Скопје, и низ цела Македонија.

Овој проект не е само мерка – ова е визија за безбеден и хуман Карпош.
Со правилен пристап, транспарентност и грижа, можеме да го решиме проблемот кој повеќе од две децении создава страв, поделби и непријатност.

Карпош без страв. Карпош со љубов!

Најнови вести од: Македонија

ОМО „Илинден“ – Пирин: Стојан Георгиев-Томовичин го посвети сиот живот да победи правото да биде Македонец – 88 години од раѓањето

На денешен ден, на 18 март пред 88 години се роди Стојан Георгиев – Томовичин, една од најбележитите личности во поновата историја на Пиринска Македонија. Целиот свој живот го посвети, за да победи правото да биде Македонец, но и правата и достоинството на Македонците во Бугарија. Поради ова лежел двапати по 4 години во бугарските затвори во времето на комунизмот. Тој е еден од основачите на ОМО „Илинден“ во 1990 година и нејзин прв претседател. Ова го објави денес ОМО „Илинден“ – Пирин на својот официјален фејсбук-профил.

Ѓукановиќ од СНП: Бугарските стремежи кон Македонија можат да бидат дел од судир на Балканот!

Владимир Ѓукановиќ, дел од раководството на владејачката Српска напредна партија (СПП) предупредува на „можен судир на Балканот“ и „создавање воен сојуз меѓу Загреб, Приштина и Тирана, на кој во одреден момент би можела да му се придружи и Бугарија со нејзините стремежи и амбиции за Македонија и југоисточна Србија, во зависност од тоа кој е на власт во Бугарија“.

Собранието го избра Ненад Савески како нов државен обвинител – Николоски истакна дека тој ќе треба да се избори за правдата во Македонија!

„На Македонија ѝ се потребни правда и владеење на правото. Ѝ треба јасно отворање и постапување по случаите, кои ќе ја подобрат сликата за државата и обвинителско-правосудниот систем.“ – нагласи вицепремиерот Александар Николоски денес на собраниската седница пред да биде избран Ненад Савески како нов државен јавен обвинител, предложен од Владата. За него Николоски истакна дека е професионалец, докажан во својата работа и, како што нагласи, без ниедна дамка во својата професионална кариера.

Савевски: Нема веќе да има „предмети во фиока“

Она што јас сакам да направам е да гарантирам радикална отчетност и транспаретност, дигитализација, услови за работа за еден обвинител непречено да си ја врши својата работа на еден ефикасен и достоинствен начин, вели Савевски кој денеска во Собранието треба да биде избран за нов државен јавен обвинител

Макрадули по исклучувањето на Шилегов: Партијата не е за тивко климање со глава

Поранешниот функционер на СДСМ и некогашен министер, Јани Макрадули, се огласи по исклучувањето на Петре Шилегов од партијата и отворениот судир во редовите на СДСМ, повикувајќи на разум, зрелост и внатрешен дијалог наместо на поделби и раслојување.

Од Англија до кланица: Ѓурчевски за коњската идеја на Фрчковски (ВИДЕО)

Поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчевски, во гостувањето во емисијата „Претрес со Ландов“ изнесе остри критики за одлуките во полицијата од 90-тите години, со посебен фокус на времето кога министер за внатрешни работи беше Љубомир Фрчковски.

Собранието денеска треба да избере нов државен јавен обвинител

Ненад Савевски, кој во моментов е судија во Основниот кривичен суд Скопје, беше номиниран од Владата на 10 март, по спроведената постапка во која се пријавија петмина кандидати. Неговата кандидатура следува по оставката на поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски

To top