Македонија

Османи на Аднан Фетаи не му верува

Создавањето паралелен политички канал ѝ штети на државната дипломатија, вели екс-министерот за надворешни работи

Поранешниот шеф на македонската дипломатија со став дека ,Македонија веќе има постојана мисија во Европската Унија, со амбасадор и дипломатски персонал кој ја претставува земјата во европските институции.

„Голема чест, уште поголема одговорност“: Фетаи за именувањето за специјален пратеник за ЕУ

Османи оценува дека создавањето нова паралелна функција ја ослабува улогата на постојните институции и создава неизвесност околу претставувањето на државата пред Европската Унија.

„С. Македонија има постојана мисија во Европската Унија, предводена од амбасадор и составена од десетици дипломати кои секојдневно работат со европските институции. Значи, каков е мандатот на новиот претставник? Која задача ќе ја извршува што амбасадорот, нашата мисија, Министерството за надворешни работи и Министерството за европски прашања не можат да ја извршат?

Создавањето паралелен политички канал во Брисел ја девалвира државната мисија, го поткопува авторитетот на амбасадорот и создава неизвесност околу тоа кој ја претставува земјата пред институциите на Европската Унија. Европската интеграција бара силни институции, јасна хиерархија и професионална дипломатија.

Јавните функции не можат да се создаваат за политички аранжмани, додека постојните институции се третираат како декор“, напиша потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи.

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top