Македонија

„Голема чест, уште поголема одговорност“: Фетаи за именувањето за специјален пратеник за ЕУ

Патот кон Брисел продолжува со одлучност, со партнерство и со целосна доверба во нашата европска иднина, порача тој

Поранешпниот вицепремиер за добро владеење Арбен Фетаи му се заблагодари на премиерот Христијан Мицкоски за именувањето за специјален пратеник на Владата за Европската унија.

„Ново поглавје во служба на евроинтеграциите на земјата

На седницата одржана вчера, Владата на Република Северна Македонија ме назначи за специјален пратеник за Европската Унија, со седиште во Брисел.
Ова е голема чест, но дефинитивно уште поголема одговорност. Задачата која ми е доверена е да се вклучам во унапредување на процесот на евроинтеграција на нашата земја, зајакнување на политичката поддршка во институциите на ЕУ и земјите членки, придонес кон надминување на политичките и дипломатските предизвици, и да го направам Европски главни градови.
По долгата кариера во Брисел и со стекнатото искуство во Владата на Република Северна Македонија, каде што ја покажав посветеноста на европската перспектива на земјата, ја заземам оваа позиција со целосно убедување дека иднината на Северна Македонија лежи во ЕУ.
Му благодарам на премиерот и Владата за довербата. Патот кон Брисел продолжува. Со одлучност, со партнерство и целосна доверба во нашата европска иднина“, објави Фетаи на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top