Македонија

Османи: Не се повлеков, туку се прекалибрирав! – Загубата е лекција за нова амбиција!

Бујар Османи, кој е по професија хирург во Клиниката за дигестивна хирургија на Клиничкиот центар во Скопје, и натаму е потпретседател на ДУИ. Останува да се види каква своја „нова амбиција“ најавува, за какво „приспособување“ говори, кон што и кон кого можеби, зашто терминот „рекалибрирање“, кој го користи во објавата, има токму такво приближно значење. Политичкиот аналитичар од Македонија Амир Шабани напиша во колумна на 26 октомври дека „Али Ахмети го жртвуваше свесно Бујар Османи, кандидирајќи го воопшто не со цел ‘да станел нов градоначалник на Чаир’“, туку „за да го исфрли од трката за нов лидер на ДУИ, која е веќе започната, зад сцената“! Во наредните денови треба да се искристализира и како ќе се постави Бујар Османи кон раздвижувањата во ДУИ, настанати по дебаклот на локалните избори, кон барањата за понесување одговорност и за оставки, а пред се Али Ахмети да се повлече во „политичка пензија“ како „највиновен за поразот“.

Бујар Османи се произнесе јавно преку општествената мрежа по локалните избори на 19 ноември, кога ја изгуби битката за претседател на општина Чаир. Во долга објава на својот фејсбук-профил Османи нагласи дека за него „загубата не е крај, туку момент на размислување и пренасочување“. Тој зборуваше за „молкот по изборите“, за „лекциите, кои ги научил по изборите“ и за неговото „враќање во професијата како хирург“. Ова го пренесе информативниот портал на албански јазик „Алмакос“.

Натаму порталот наведува: „Загубата не е крај, туку прекалибрирање на насоката. Таа ве учи и ви дава уште повеќе трпение, емпатија и нова амбиција: не да се искачувате, туку да градите.“ – напиша Османи.

Во својата порака преку општествената мрежа тој посочува дека „политиката честопати ги наградува претставувањата повеќе од чесноста“, но и оти за него „лидерството не се мери според позицијата, туку според ставот“. „Не се повлеков, туку се прекалибрирав. Тука сум, со повеќе искуство, повеќе смиреност и поголема убеденост дека вистинскиот пат не е оној, што ве крева привремено, туку патот, кој ве држи исправени засекогаш.“ – напомна Бујар Османи.

Тој напиша дека по „загубата на локалните избори ѝ се вратил на својата професија како хирург“, опишувајќи го ова враќање како „начин да ги пронајде рамнотежата и смиреноста што му недостасувале“. Тој додава дека „загубата му послужила да ги преиспита неговите мотиви и приоритети во служењето на јавноста“. – пренесе „Алмакос“

Најнови вести од: Македонија

Може ли Мерко да си го купи службеното „ауди“?

Мерко беше обвинет и гонет за злоупотреба на службената положба, затоа што набавил четири службени возила меѓу кои и аудито, во услови кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро-сметка, сепак, на почетокот на јуни 2025 година беше ослободен од вина

До 5-ти февруари аплицирање на студентски оброк

Правото на субвенциониран студентски оброк е наменето за редовни студенти на додипломски студии со месечен приход понизок од минималната нето плата, како и за студенти запишани на постдипломски и интегрирани студии на државните и приватните универзитети во земјава

Новинарката Лиридона Вејсели испрати жалба до апелација

Новинарката Лиридона Вејсели поднесе жалба до Апелациониот суд против пресудата на Основниот суд во Гостивар, со која е осудена на глоба од 700 евра за кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ – поради тоа што во својот новинарски текст го објавила името и презимето на судијата Назиф Иљази од Основниот суд во Тетово.

To top