Македонија

Османи: Преку Филков, Мицкоски пушти пробен балон, целта е да се демонтира Охридскиот договор

Бујар Османи, поранешен министер за надворешни работи и кандидат за градоначалник на Чаир од редовите на ДУИ, изрази силна загриженост за изјавите поврзани со Бадентеровото мнозинство, оценувајќи ги како дел од план за поткопување на Охридскиот рамковен договор.

Бујар Османи, поранешен министер за надворешни работи и кандидат за градоначалник на Чаир од редовите на ДУИ, изрази силна загриженост за изјавите поврзани со Бадентеровото мнозинство, оценувајќи ги како дел од план за поткопување на Охридскиот рамковен договор. Според Османи, премиерот свесно им дозволува на министрите да даваат провокативни изјави како начин да се тестира реакцијата на јавноста, за потоа да се дистанцира со негирања.

Тој го опиша молкот на коалициската партија „Влен“ како изненадувачки и загрижувачки, сугерирајќи дека нивното нереагирање укажува на блиски врски со ВМРО-ДПМНЕ. Османи дополнително истакна дека ваквите изјави се во директна спротивност со извршната наредба на претседателот на САД, според која загрозувањето на Охридскиот договор е спротивно на американските интереси.

Претходно, министерот за правда Игор Филков изјави дека Бадентеровото мнозинство често се злоупотребува и дека можеби е време за негова ревизија. Во одговор на ова, премиерот Христијан Мицкоски нагласи дека Бадентеровото мнозинство е составен дел од Охридскиот рамковен договор, кој е вграден во Уставот на државата.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

Мицкоски: Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, затоа ја добивме довербата од нив!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при претставување на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на бруто-домашниот производ се очекува да продолжи и оваа година и  да изнесува некаде меѓу 3,5 и 4% проценти.

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

To top