Македонија

Осомничениот Трифун Костовски безгрижно ужива во монденска летна дестинација

Бизнисменот ужива во монденско летувалиште и не е загрижен дека за криминалот во Еуростандард може да добие до 20 години затвор

Осомничениот  за криминал во затворената Еуростандард банка Трифун Костовски безгрижно ужива во луксузна монденска летна дестинација.

Неговата сопатничка Јасна Петков Костовски објавува фотографии од роденденска забава во хрватското монденско летувалиште Ровињ.

,,52 🥂

Прекрасен незаборавен ден…

Ви благодарам на сите мои прекрасни драги пријатели за вашите прекрасни мисли и желби…

Со најголеми поздрави од прекрасниот Ровињ…

Да имаме вистински и искрени пријатели е најголемото богатство што можеме да го имаме…”, пишува Петков Костовска.

Ровињ е една од најскапите дестинации на хрватското приморје.

Трифун Костовски се соочува со долга затворска казна години по обвинението поднесено од Јавното обвинителство за криминал во Еуростандард банката каде тој беше претседател на надзорен одбор.

Ако бизнисменот го ,,закачи” ставот 3 од членот 353в може да добие до 20 години в затвор

Трифун Костовски се соочува со 20-годишна затворска казна

 

Фото: Принт Скрин Фејсбук

 

Најнови вести од: Македонија

To top