Македонија

Eдниот од уапсените во Драч се бараше за убиство на офицер на АРМ

Припадник на скопската банда Беланоца и баран за убиство на офицер на АРМ во Батинци

Џавит Муса, припадник на скопската банда Беланоца и баран за убиство на офицер на АРМ во Батинци е пронајден од Интерол во албанскиот град Драч. Убиството се случи лани на влезот во селото кога осомничениот ја начекал жртвата во автомобил и испукал повеќе куршуми кон него. Жртвата Агим Муареми, како што пишуваше тогаш Телма, е убиен поради тоа што не дозволувал неговата ќерка да се венча со припадникот на подземјето. Уште еден макеоднски државјанин баран со потерница од Интерпол и исто така член на Беланоца е уапсен во Драч. Според иницијалите и возраста станува збор за Сенафи Нуредини, роден во Норвешка, пренесува Телма тв.

„ Врз основа на информација од Македонската полиција, во Драч, Р.Албанија спроведена е меѓународна полициска операција во која лишени од слобода се М.Џ.(26), роден во Скопје и С.Н.(34), роден во Норвешка, двајцата припадници на организираната криминална група „Беланоца“, рече Гоце Адреевски, портпарол на МВР.

Џавит се бараше од Интерпол за тешка телесна повреда, убиство, недозволено држење оружје или експлозивни материјали и злосторничко здружување. Нуредини е баран за криумчарење мигранти, убиство, нелегално држење оружје или експлозивни материјали и злосторничко здружување. Муса е осомничен и за друго убиство изврешено во Батинци во 2024 година. Убиството го расветли МВР и било нарачно од Беланоца и нејзиниот лидер Фатљум Ајети Тоте. Нуредини е осомничен за убиството на Камбер Идризи во Бутел во 2021 година. Идризи беше член на спротиставена нарко криминална група.

Џавит пред бегството и убиствата издржуваше затворска казна во затворот Скопје за нелегално поседување на оружје. Тој е еден од  затворениците кои тогаш добивале слободен противзаконски излез за приватни потреби поради што беше обвинет и осуден поранешниот директор на затворот Филип Андов Сокол. Во октмоври 2021 година Муса бил осомничен и дека избодел момче во Студеничани.

Во Драч уапсени двајца припадници на криминалната група „Беланоца“, барани со меѓународни потерница за убиства и други сторени кривични дела (Видео)

 

Трето лице на 26 годишна возраст со иницијали Џ.Р исто така е приведено и се бара за „поддржување на сторител на кривично дело“ и „фалсификување исправа“. Тој на Муса и Нуредини им обезбедил фалсификувани лични исправи.

 

Најнови вести од: Македонија

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците. „Како Директор на Институтот за јавно здравје, ги отфрлам последните обвинувањата на ДУИ. Во изминатиов период во Институтот за јавно здравје имаше инспекциски надзор од страна на инспектори од Инспекторатот за […]

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

ЗНАМ: Во моментов не постои уставна и законска основа да се полага правосудниот испит на албански јазик

„ЗНАМ ја разбира нервозата и хистеријата кај одредени претставници на моноетнички политички партии предизвикани од јасниот и принципиелен став на ЗНАМ дека правосудниот испит треба да се полага на македонски јазик, во согласност со Уставот и законите на државата.“ – соопшти денес Движењето ЗНАМ.

Делото на Видоески наспрема „Бугарскиот договор“: дали е време во 2026 Македонија да постапи како Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949?! (2)

Грандиозното научно дело на дијалектологот Божидар Видоески не само што ги урива сегашните бугарско-грчки фалсификати и оспорувања на македонскиот јазично-идентитетски комплекс, туку и отвора сериозен простор за дилема: дали нема, или можеби и има право Република Македонија, согласно и со меѓународното право и неговиот врховен принцип „јус когенс“ да постапи денес со „Бугарскиот договор“ еднакво како што постапи Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949 година – како Бугарија согласно со нејзините „бугарски државни и национални интереси’, така и Македонија согласно со своите државно-национални интереси?! Зашто, великанот на македонската дијалектологија аргументирано докажа и сиот свој живот го бранеше македонскиот јазик како столб на македонскиот идентитет – столб кој е денес загрозен со бугарските евроинтеграциски уцени и ултиматуми.

Студиите на Божидар Видоески ги кршат на парчиња грчко-бугарските шовинистички негирања на македонските дијалекти во Егејска и Пиринска Македонија (1)

Со своето големо научно дело за македонската дијалектологија професорот и академик Божидар Видоески му изгради траен паметник на македонскиот народ за неговиот мајчин македонски јазик и неговите дијалекти, на македонскиот идентитет. Зашто во дијалектите на македонскиот јазик се вградени сета негова историја, сето зборовно богатство, културата, обичаите, народните традиции, песните. Вчера, на 8 ноември 2026 година, се навршија 106 години од раѓањето на Видоески, основоположникот на современата македонска дијалектологија. Тој остави зад себе остави огромно дело од повеќе од 300 библиографски единици – дијалектолошки студии, монографии, статии, документи и др., објавувани во домашни и видни странски списанија и зборници. Истражувањата и студиите на овој македонист, славист и дијалектолог жестоко ги побиваат сите антимакедонски и ненаучни фалсификати и оспорувања на македонскиот народ, јазик и идентитет, кои се вградени во „Договорот за добрососедство“ со Бугарија, односно „Бугарскиот договор“, како и во „Преспанскиот договор“.

Крива Паланка бара државна помош: Општината нема капацитет сама да се справи со кравите

Општинскиот кризен штаб алармира дека над 1.000 грла добиток се движат низ центарот и уништуваат имоти, по што градоначалникот Сашко Митовски побара итна владина интервенција

Мицкоски: Правосудниот испит не може да биде само на албански јазик

Делот од правосудниот испит што опфаќа симулација на судска постапка – во рамките на кривичен или граѓански предмет – мора да се спроведува на *lingua franca*, односно на македонскиот јазик“, објасни премиерот

Најнови вести

To top