Македонија

Осум дена притвор за насилникот и лихварот од Черкези, кој му се закануваше на Мицкоски „свињо,ќе те колам на плоштад“ и му упатуваше пцости на семејството!

Осум дена притвор му е определен на 39 годишниот А.Д. од кумановското село Черкези, поради закани упатени кон премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи. СВР Куманово поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 5 од Кривичниот законик.

Осомничениот во петокот на објава на профил на социјална мрежа на Мицкоски напишал коментар со заканувачка содржина. Од Обвинителството денеска соопштија дека е  извршител на други кривични дела од областа на насилниот криминал – насилство, лихварство и поголем број на прекршоци за нарушување на јавниот ред и мир. Дополнително, соопштија од Обвинителството, согласно обезбедените докази во однос на претходното поведение на осомничениот, станува збор за конфликтна личност која влегува во постојани расправии, закани и физички пресметки со пријавители, па се оценува дека постои реален ризик ваквите агресивни испади да прераснат во потешки кривични дела со животозагрозувачки последици со кои се заканува.

Премиерот Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање истакна дека лицето е обезбедено, а институциите превземаат мерки во рамки на своите надлежности.

-Јас дознав вчера за тие закани кои се напишани на социјалните медиуми, дека сум бил свиња и ќе ме колел на плоштад. Упатил пцовки кон мене и моето семејство. Јас сум сепак институција, кога не не бил ова, знам како се решаваат тие работи. Институциите си ги превземале своите надлежности и преку Министерството за внатрешни работи е обезбедено лицето и понатаму преку правосудниот систем ќе биде спроведено каде му е местото, рече премиерот од граничниот премин Табановце при завршувањето на проектите реализирани во рамки на Акцискиот документ „ЕУ против организираниот криминал, со поддршка за трговијата“.

Најнови вести од: Македонија

Опомени и казни: Инспекцијата на терен во општина Карпош

Покрај опомените до физички лица, комуналните редари изрекоа и седум прекршочни налози за неправилно одлагање на отпадот. Инспекциските контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел одржување на комуналниот ред и почиста и поуредна општина.

Сопрено вакцинирањето во Македонија со вакцината БСЖ, се испитува случајот во Хрватска

Комисијата за имунизација во рамки на македонското Министерство за здравство (МЗ) заседавала по информациите од хрватските медиуми за несакани реакции од вакцина БСЖ, и во земјава се одложува привремено вакцинирањето со оваа вакцина, соопшти МЗ.

Стојаноски: Треба да си ептен наивен, за да мислиш дека ќе го смениме Уставот и нема да имаме натамошни пречки на патот кон ЕУ!

Како најмалуброен народ на Балканот треба да бидеме особено рационални и многу внимателно да ја поставуваме нашата стратегија, изјави претеникот Бојан Стојановски на гостувањето во „Колегиум“ на ТВ Алфа.

Над 4.500 лажни корисници на социјална помош: 25 милиони евра годишно се давале на починати, иселени и фиктивни лица!

Повеќе од 4.500 корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност за кои, според премиерот Христијан Мицкоски, било утврдено дека не требало да примаат средства, се откриени во досегашните проверки на системот.

Најнови вести

To top