Македонија

Отфрлена кривичната пријава против директорот на Националниот парк „Маврово“, Харис Ибраими

Истрагата на Обвинителство утврдила дека пријавените не се само невини, туку направиле добро за Македонија, шумите и буџетот

Отфрлена е кривичната пријава против директорот на Националниот Парк Маврово Харис Ибраими.

Извори во Јавното ообвинителство тврдат дека по спроведената истрага е утврдено дека директорот на ЈП Национален Парк Маврово не сторил прекршување на законот и нема простор за покренување на обвинение затоа што тој постапувал целосно според законот.

На 30 јуни СВР Тетово поднесе кривична пријава против три лица, меѓу кои и Харис Ибраими (40) од Oпштина Маврово и Ростуше, директор во ЈУ „Национален парк Маврово“, за сторени две кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“ на штета на ЈУ „Национален парк Маврово“.

„Во текот на март и април, директорот на НП „Маврово“ ги пречекорил своите службени овластувања, така што со третопријавениот усно договорил вршење нелегална сеча на техничко дрво-ела во ЈУ „Национален парк Маврово“ на место викано Брана”, стоеше во кривичната пријава која ја поднесе летоска СВР Тетово.

Според изворите во ЈО истрагата утврдила сосема спротивна ситуација од таа што е наведена во кривичната пријава на МВР.

Наспроти тврдењата од кривичната пријава дека Ибраими и уште две лица сториле повеќе кривични дела со истрагата е утврдено дека директорот на НП Маврово не само што не ја злоупотребил службената положба и овластување и направил штета туку презел чекори со кои се намалува штетата настаната поради природна непогода.

Според истрагата Ибраими и другите двајца обвинетиот воопшто не стекнале никаква лична корист туку превенирале да се направи штета на шумскиот фонд а дополнително е утврдено дека тие не само што воопшто не пустошеле шума туку истата ја заштитувале.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Над 20.000 Македонци ја напуштија земјата за продолжениот викенд

Министерството за внатрешни работи вели дека сите човечки и технички капацитети се ставени во функција за забрзување на протокот на патници. Пракса е речиси секој продолжен викенд голем дел од македонските граѓани да го поминуваат во странство

Почина сликарот Илија Пенушлиски

Илија Пенушлиски е роден во Скопје 1947. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1971 година. Во 1972/73 бил на постдипломски студии на институтот „Прат“ во Њујорк и има бројни самостојни изложби во земјава и во странство. Неговата последна изложба, изложба „Градот“, каде за првпат во својата плодна и светска кариера работи со дигитална графика, беше во 2018 во скопската галерија „Акантус“.

To top