Македонија

Отфрлена кривичната пријава против директорот на Националниот парк „Маврово“, Харис Ибраими

Истрагата на Обвинителство утврдила дека пријавените не се само невини, туку направиле добро за Македонија, шумите и буџетот

Отфрлена е кривичната пријава против директорот на Националниот Парк Маврово Харис Ибраими.

Извори во Јавното ообвинителство тврдат дека по спроведената истрага е утврдено дека директорот на ЈП Национален Парк Маврово не сторил прекршување на законот и нема простор за покренување на обвинение затоа што тој постапувал целосно според законот.

На 30 јуни СВР Тетово поднесе кривична пријава против три лица, меѓу кои и Харис Ибраими (40) од Oпштина Маврово и Ростуше, директор во ЈУ „Национален парк Маврово“, за сторени две кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“ на штета на ЈУ „Национален парк Маврово“.

„Во текот на март и април, директорот на НП „Маврово“ ги пречекорил своите службени овластувања, така што со третопријавениот усно договорил вршење нелегална сеча на техничко дрво-ела во ЈУ „Национален парк Маврово“ на место викано Брана”, стоеше во кривичната пријава која ја поднесе летоска СВР Тетово.

Според изворите во ЈО истрагата утврдила сосема спротивна ситуација од таа што е наведена во кривичната пријава на МВР.

Наспроти тврдењата од кривичната пријава дека Ибраими и уште две лица сториле повеќе кривични дела со истрагата е утврдено дека директорот на НП Маврово не само што не ја злоупотребил службената положба и овластување и направил штета туку презел чекори со кои се намалува штетата настаната поради природна непогода.

Според истрагата Ибраими и другите двајца обвинетиот воопшто не стекнале никаква лична корист туку превенирале да се направи штета на шумскиот фонд а дополнително е утврдено дека тие не само што воопшто не пустошеле шума туку истата ја заштитувале.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Делото на Видоески наспрема „Бугарскиот договор“: дали е време во 2026 Македонија да постапи како Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949?! (2)

Грандиозното научно дело на дијалектологот Божидар Видоески не само што ги урива сегашните бугарско-грчки фалсификати и оспорувања на македонскиот јазично-идентитетски комплекс, туку и отвора сериозен простор за дилема: дали нема, или можеби и има право Република Македонија, согласно и со меѓународното право и неговиот врховен принцип „јус когенс“ да постапи денес со „Бугарскиот комплекс“ еднакво како што постапи Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949 година – како Бугарија согласно со нејзините „бугарски државни и национални интереси’, така и Македонија согласно со своите државно-национални интереси?!

Студиите на Божидар Видоески ги кршат на парчиња грчко-бугарските шовинистички негирања на македонските дијалекти во Егејска и Пиринска Македонија (1)

Со своето големо научно дело за македонската дијалектологија професорот и академик Божидар Видоески му изгради траен паметник на македонскиот народ за неговиот мајчин македонски јазик и неговите дијалекти, на македонскиот идентитет. Зашто во дијалектите на македонскиот јазик се вградени сета негова историја, сето зборовно богатство, културата, обичаите, народните традиции, песните. Вчера, на 8 ноември 2026 година, се навршија 106 години од раѓањето на Видоески, основоположникот на современата македонска дијалектологија. Тој остави зад себе остави огромно дело од повеќе од 300 библиографски единици – дијалектолошки студии, монографии, статии, документи и др., објавувани во домашни и видни странски списанија и зборници. Истражувањата и студиите на овој македонист, славист и дијалектолог жестоко ги побиваат сите антимакедонски и ненаучни фалсификати и оспорувања на македонскиот народ, јазик и идентитет, кои се вградени во „Договорот за добрососедство“ со Бугарија, односно „Бугарскиот договор“, како и во „Преспанскиот договор“.

Мицкоски: Правосудниот испит не може да биде само на албански јазик

Делот од правосудниот испит што опфаќа симулација на судска постапка – во рамките на кривичен или граѓански предмет – мора да се спроведува на *lingua franca*, односно на македонскиот јазик“, објасни премиерот

Палмер: Жално е што Бугарија е во позиција да го блокира Скопје за ЕУ

Билатералните спорови не треба да го попречуваат пристапниот процес и очекува поактивна улога од Брисел и од клучните земји членки, вели поранешниот специјален претставник на САД за Западен Балкан, Метју Палмер

Богојески пак ја шокира јавноста: „Хистерични кучкарки“, „комунистичка левичарска багра“ и „левичарска булумента“ (ВИДЕО)

На своите политички и идеолошки противници им ја припишува одговорноста за порастот на убиствата на жени, а тие кои протестираа ги обвини дека заработуваат од странски фондации и амбасади

To top