Македонија

Пак пцовисуваат животни во „ЗОО Скопје“ – хоророт и натаму продолжува

Хоророт во Скопје ЗОО и натаму продолжува, пред некој ден почината млада женка мајмун сијаманг. Стефан Кирков од ВМРО-ДПМНЕ реагира по повод угинувањето на една женка мајмун од Скопската Зоолошка градина. „Хоророт во Скопската Зоолошка градина и натаму продолжува. Пред некој ден почината е млада женка мајмун од врската сијаманг. Се работи за трудна женка,важи за еден од најретките заштитени видови на мајмуни во Светот. Додека директорот Попов и неговиот Заменик со овластување Стаменов (истиот кој закла коњи и има кривична пријава) молчат, Данела Арсовска на мое прашање на интервју умешно ги браненеше овие двајца кој од Скопје ЗОО направија да е куќата на стравот. Мајмунката според моите неофицијалните мои информации е тајно носена и во приватни ветеринарни ординации и до овој момент Скопје ЗОО крие. Ќе има ли крај на ова? Ги охрабрувам новинарите да го испитаат ова дека нашата зоолошка пропаѓа, а некој и натаму не поднесува одговорност“, напиша Кирков.

Хоророт во Скопје ЗОО и натаму продолжува, пред некој ден почината млада женка мајмун сијаманг. Стефан Кирков од ВМРО-ДПМНЕ реагира по повод угинувањето на една женка мајмун од Скопската Зоолошка градина.

„Хоророт во Скопската Зоолошка градина и натаму продолжува. Пред некој ден почината е млада женка мајмун од врската сијаманг.

Се работи за трудна женка,важи за еден од најретките заштитени видови на мајмуни во Светот.

Додека директорот Попов и неговиот Заменик со овластување Стаменов (истиот кој закла коњи и има кривична пријава) молчат, Данела Арсовска на мое прашање на интервју умешно ги браненеше овие двајца кој од Скопје ЗОО направија да е куќата на стравот.

Мајмунката според моите неофицијалните мои информации е тајно носена и во приватни ветеринарни ординации и до овој момент Скопје ЗОО крие.

Ќе има ли крај на ова?

Ги охрабрувам новинарите да го испитаат ова дека нашата зоолошка пропаѓа, а некој и натаму не поднесува одговорност“, напиша Кирков.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): „Приказна што спојува генерации“: „Алкалоид“ со промотивно видео како дел од 90-годишниот јубилеј

„Алкалоид“ годинава одбележува 90 години постоење, а како дел од активностите по повод одбележувањето на големиот јубилеј компанијата на своите профили на социјалните медиуми објави промотивно видео во кое низ семејна приказна ги поврзува минатото и сегашноста.

Велјановски: ЈО да истражи зошто, поради СДСМ и ДУИ, РМ плати 4,6 милиони евра провизии за неповлечени пари за железничкиот Коридор 8?!

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Велјановски денеска обвини дека владеењето на СДС и ДУИ оставило сериозни последици врз реализацијата на железничкиот Коридор 8, повикувајќи се на наоди од извештај на Државниот завод за ревизија.

Николоски: ЈО да ја истражи работата на претходното раководство на „Македонијапат“, таму има мафија на адвокати, проценители, вештаци!

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски од говорницата на македонското Собрание го повика Јавното обвинителство да го разгледа ревизорскиот извештај за ЈП „Македонијапат“, и кривичната пријава, која тој ј лично ја има потпишано за работењето на претходното раководство, кое претпријатието го има заглавено во долгови од 34 милиони евра.

Мицкоски: Ако побара опозицијата предвремени избори, ќе има, но пак ќе ги победиме!

Ако опозицијата поднесе барање во Парламентот, ние сме тука, ќе одговориме позитивно, ќе имаме избори и ќе ги победиме, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања дали ќе има предвремени избори.

Ново Лисиче добива нов парк од 71.000 квадратни метри

Запуштениот простор во непосредна близина на Фудбалската федерација на Македонија и последната автобуска станица на линијата „5“ ќе биде претворен во голема зелена целина наменета за одмор, рекреација и дружење

Најнови вести

To top