Македонија

Панова мислела дека Филипче „ќе се надмине себеси“ но се разочарала

Панова смета дека стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

Стратегијата на претходната влада за евроинтеграцијата на државата не донесе во ќорсокак и оваа влада се обидува да ги исправи тие штети. Ќе продолжиме да работиме на реформската агенда, а прашањето со Бугарија ќе го решаваме во од, бидејќи билатералните прашања не смеат да стојат на патот кон Европската Унија. Но, тоа не може да го направиме доколку опозицијата не застане со нас на овој пат, изјави Ели Панова, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата во Собранието посветена на евроинтеграцискиот пат на државата.

, Градењето на националниот консензус е многу битен за Европската Унија. Да, 70 проценти од граѓаните се за ЕУ, но повеќе од 80 проценти се против промена на Уставот. Стратегијата на претходната Влада не донесе во ќорсокак, не заглавија многу длабоко и сега оваа Влада се труди да ги исправи штетите што ни се нанесени. Владата ќе продолжи да изнаоѓа решенија, начини како да ги приближиме законите од реформската агенда до вас и да работиме на реформската агенда. Се трудиме да ја разубедиме нашата опозиција дека треба да изградат став со кој би застанале покрај нас да не донесеме уставни измени затоа што билателаните прашања не смеат да ни стојат на патот кон Европската Унија. Ние ќе продолжиме да работиме, да ги исполнуваме нашите задачи, а прашањето со Бугарија ќе го решаваме со помош на ЕУ, но мора да потенцирам дека тоа не може да го направиме доколку опозицијата не застане со нас на овој пат”, рече Панова.

Осврнувајќи се на говорот на лидерот на СДСМ и претседател на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, пратеничката Панова рече дека очекувала оти тој „ќе се надмине себеси“ и нема да држи политички говори.

,,Мислев дека претседателот на СДСМ како претседател на Националниот совет ќе се надмине себеси и неговата кавга со медиумите нема да ја искористи денес да држи политички говори”, рече Панова.

Најнови вести од: Македонија

Повик ЈО да постапи по обвинувањата на Филипче кон Славјанка Петровска за криминал тежок 37 милиони евра

Не може да се игнорира овој скандал кој го обелоденува токму Венко Филипче. Тука сме да му помогнеме нему и да побараме токму од Јавното обвинителство, по допрен глас, да реагира и да го сослуша Венко Филипче за, како што самиот обвини, криминалот на Славјанка тежок 37 милиони евра

Обвинителството бара одбивање на гаранцијата понудена од првообвинетиот за пожарот во Дискотекта „„Пулс“

Понудениот недвижен имот бил предмет на извршна постапка и не можел да биде оптоварен со хипотека, а камоли да се реализира како средство за обезбедување од амбри, шупи и штали

To top