Македонија

Парадата на гордоста ќе се одржи на 21 јуни во Скопје

Шестата по ред Парада на гордоста ќе се одржи на 21 јуни во Скопје, под мотото „Ќе (оп)стоиме заедно!“. Организаторите најавуваат марш низ градот како симболичен отпор кон дискриминацијата и насилството со кое се соочува ЛГБТИ+ заедницата, но и како повик за солидарност и еднаквост. Годинава, според нив, нема да има концерт, туку протестен марш, […]

Шестата по ред Парада на гордоста ќе се одржи на 21 јуни во Скопје, под мотото „Ќе (оп)стоиме заедно!“. Организаторите најавуваат марш низ градот како симболичен отпор кон дискриминацијата и насилството со кое се соочува ЛГБТИ+ заедницата, но и како повик за солидарност и еднаквост. Годинава, според нив, нема да има концерт, туку протестен марш, бидејќи, како што велат организаторите од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија, во изминатите месеци образовниот систем го брише секое спомнување на нивните идентитети и приказни.

  • „Зголеменото насилство, омразата и исмевањето во училиштата не се случајни, тие се последица на институционален срам и молк. Наместо заштита, образовните политики нудат невидливост. Наместо грижа – негирање. И токму затоа ќе застанеме пред Министерството за образование, гласни и непокорни, затоа што младите заслужуваат“, кажа Стефан Петровски, активист.

Маршот ќе тргне од паркот Жена-борец, каде што во 18 часот ќе почне собирањето на учесниците, а во 19 часот, по кратките поздравни говори, ќе започне протестниот марш по скопските улици.

  • „Доста е од молк за Кочани, доста е од игнорирање на Законот за правно признавање на род, доста е од воздржаност пред геноцид. Протестираме не поради традиција, туку затоа што е потребно. Затоа што многу ЛГБТИК+ луѓе и понатаму се третираат како невидливи, несигурни и незаштитени. Затоа што транс лицата сè уште чекаат правно признавање на родот. Затоа што образованието се чисти од секакво споменување на нашите животи. Затоа што сакаме да живееме во општество во кое телата, љубовта и идентитетите нема да се сметаат за закана“, велат организаторите.

 

Најнови вести од: Македонија

(Фото галерија): Николоски во ноќна посета на рехабилитација на автопатот пред ГП Богородица

Во една вечерна посета се уверуваме дека градежните работи се одвиваат одлично и за многу скоро време ќе имаме модерен автопат на овој потег, изјави заменик-претседателот на Владата Александар Николоски, кој изврши увид во автопатот.

Теодосиевски: Дали се Лаен, Калас, Кос и Кошта навистина толку глупави, или го глумат тоа, дека „нѐ чекаат со идентитетот и јазикот во ЕУ“?!

„Госпожата“ фон дер Лаен и нејзиното избрано друштво – па слушнете ги само онаа Калас и Кос, сосе Кошта во позадина – можеби навистина „нестрпливо“ нѐ чекаат во таа Европа сосе нашиот идентитет и јазик, ама тој идентитет и особено тој јазик мора да поминат виа Софија. А таму има граница. Или вето, како сакате. – пишува аналитичарот Златко Теодосиевски во својата колумна со наслов „Квака 22“ или: можно ли е да се толку глупи?’, која ја објави „Плус инфо“.

Новиот Кривичен законик предвидува затвор до 15 години за злоупотреба на државни пари!

Подготовката на новиот Кривичен законик започна уште во 2019 година. Целосно новиот Кривичен законик, со кој се предвидуваат казни затвор до 15 години за злоупотреба на службената положба и овластување и за злоупотреби при јавните набавки, концесиите и јавно-приватните партнерства, денеска беше ставен на првата од четирите јавни расправи во просториите на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Гласовите на Galaxy: Запознајте го лекарот од Мексико, чиј Galaxy Watch му помогна да се грижи за својата мајка, но и за себе

Гласовите на Galaxy (“Voices of Galaxy“) е серијал од вистински приказни што ги става во преден план Samsung Galaxy корисниците кои ја користат својата страст, креативност и решителност, заедно со технологијата, за да остварат позитивно влијание врз сопствените животи, заедниците и светот околу нив.

To top