Македонија

Парадоксот на Филипче – Кога лаже лидерот на СДСМ прашува екс министерот за надворешни работи

Дали се работи за мешање на бели, црвени, зелени и розеви линии или се работи за друга појава?

Нарекувајќи го неговото однесување како ,,Парадоксот на Филипче” екс министерот за надворешни работи и пратеник Антонио Милошоски прашува кога лидерот на СДСМ ја кажува вистината а кога лаже.

Своето прашање Милошоски го поставува во контекст на јавните позиции на Филипче кој лани зборувал една а денеска сосема друга работа за исто прашање.

Филипче пред една недела објави предлог резолуција за решавање на спорот со Бугарија и почнување на почеток со преговори со ЕУ со кои власта на СДСМ го прифати Францускиот предлог.

Резолуцијата во која се бара Македонија да го прифати Францускиот предлог со кој треба да се промени уставот за влез на Бугарите во него не содржи никакви обврски за никого освен за Македонија.

,Парадоксот на Филипче – нуди резолуција за заштита од “францускиот предлог”, а истиот во 2024 го прогласи за дипломатска победа”, вели Милошоски кој сака да знае кои се вистинските линии на лидерот на СДСМ кој за една година кажува две различни работи.

https://www.facebook.com/watch/?v=1105788308389642

Целото видео на Милошоски

https://www.facebook.com/watch/?v=788553187123992&surface_type=vod&referral_source=vod_deeplink_unit

Најнови вести од: Македонија

Деспотовски: Раководството на СДСМ се крие зад името на партијата за лични цели

Јован Деспотовски, член на СДСМ, во своја објава остро го критикува однесувањето на дел од моменталното раководство на партијата, обвинувајќи ги дека го користат името на СДСМ за лични агенди и потреби.

To top