Македонија

Петар Јанков од ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во Струмица

ВМРО–ДПМНЕ по долги 20 години извојува убедлива победа

Кандидатот за градоначалник на Струмица од ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање истакна дека по 20 години падна бастионот на СДСМ во Струмица.

„Според податоците од нашиот аналитички центар од обработените 82 отсто од обработените гласови ВМРО – ДПМНЕ води со 12.223 гласови наспроти противникот со 7.908 гласа. Тоа укажува на разлика од повеќе од 4.000 гласови. Очекувам во 17 избирачки места, кои не се обработени, овој тренд да продолжи. Затоа струмичани извојуваа убедлива победа, односно ВМРО – ДПМНЕ по долги години извојува убедлива победа во Струмица.

Со тоа струмичани го соборија бастионот на СДСМ овде во Струмица. Победи волјата на граѓаните во Струмица“, рече Јанков.

Тој се заблагодари на граѓаните за големата поддршка и најави дека според податоците кои ги има очекува мнозинство советници во Советот на Општина Струмица

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

To top