Македонија

Петир: Барањата што засегаат во суверенитетот и во идентитетот на Македонија за мене се целосно неприфатливи

Хрватската пратеничка уште еднаш со поддршка за државата за која ја основа и беше шеф на Групата пријатели на Македонија во ЕП

Маријана Петир со индиректна осуда за условувањата на македонската евроинтеграција од Бугарија, без да ја спомне.

„На 59. Меѓународен фолклорен фестивал во Загреб се претставуваат и нашите пријатели од Македонија, кои верно ги чуваат своето традиционално наследство, песна, оро, носија, јазик и идентитет на македонскиот народ. Ја поддржувам Македонија на нејзиниот европски пат, а барањата што посегнуваат по суверенитетот и националниот и културниот идентитет на Македонија се целосно неприфатливи за мене. #Macedonia #UNESCO #identity“, порача на Фејсбук хрватската пратеничка, која никогаш не ја користи наметната географска одредница за македонската држава. Напротив, во секоја пригода ја идентификува како Македонија земјата за чии права се бореше и додека беше член на Европскиот парламент, а нејзиниот (мнозински) народ како македонски.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

To top