Македонија

Петрова-Чамова: Скопје да си ги исполни обврските, а не да бара конфликт со Софија

Новата министерка за надворешни работи на Бугарија со стара порака за „братјата“ од Македонија

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова-Чамова, во „исклучително позитивен тон кон Скопје“, како што вели во интервју за Бугарската национална телевизија (БНТ), со порака до Македонија да си ги исполни обврските од т.н. Француски предлог, во чие изготвување учествувала и таа, наместо „да бара конфликт со Софија“.

„Тонот кон Скопје од моја страна е исклучително позитивен, зошто во Бугарија тоа е една од темите по кои имаме апсолутно политичко мнозинство. И јас ќе се ангажирам за обврските што треба да бидат исполнети од страна на Скопје и за мене тие се обврски на ниво на Европската Унија. Не станува збор за билатерални односи, туку за односи меѓу земја-кандидат и Европската Унија. Мислам дека не треба да бараме негативности и место за конфликт и се надевам дека од другата страна ќе најдат политичка зрелост да се обидат да постапат на таков начин. Често не ја гледам, но останувам оптимист дека ќе се најде политичка желба од другата страна тоа да се случи. Нашиот став останува непроменет и тоа е ставот од 2022 година. Јас бев еден од луѓето што преговараа за таа позиција, така што многу добро ја познавам. Мислам дека имаме целосно единство како во Владата, така и во целата политичка класа во Бугарија за ова прашање. Навистина се надевам дека Скопје ќе најде начин да постапи така што ќе го фокусира вниманието кон исполнувањето на обврските, а не во барањето конфликт со Софија“, изјави шефицата на бугарската диполматија.

„Ова е европска позиција и ова беше главното достигнување во јуни-јули 2022 година. Тажно е што се враќам во Владата четири години подоцна, а нема напредок по ова прашање“, дополни Петрова-Чамова, заменик-министерка за надворешни работи од 2022 до 2023 година во Владата на експремиерот Кирил Петков, на која ѝ беше изгласана недоверба во Народното собрание токму поради Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Пијанистот Андреј Цековски (11) блесна во Њујорк: златен медал на престижен меѓународен натпревар!

Њујорк беше сцена на уште еден голем успех на младиот македонски пијанист Андреј Цековски. На само 11 години тој го освои првото место на меѓународниот натпревар „International Youth Music Competitions“. Признанието го прими на свечениот концерт на победниците. Ова го објави „Скопје1.мк’.

Утре започнува четвртото издание на „Taste the South“ на нова локација во Гевгелија

Утре, 11 септември, во Гевгелија започнува четвртото издание на гастрономско- музичкиот фестивал „Taste the South“. Во текот на три фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во традиционални вкусови, локални гастрономски производи, вина, музика и програма наменета за сите генерации

(Видео): Нула денари од Буџетот за прославата за независноста, за разлика од 8,2 милиони евра „во воздух“ кај Груби и Бајрами, велат од Владата

На Државна лотарија ѝ било укажано да обезбеди средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година во висина од 300 милиони денари за спонзорирање на настаните како и да објави јавен повик за прибирање на понуди за реализација на спонзорираните настани.

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

Најнови вести

To top