Македонија

Пијанистот Андреј Цековски (11) блесна во Њујорк: златен медал на престижен меѓународен натпревар!

Њујорк беше сцена на уште еден голем успех на младиот македонски пијанист Андреј Цековски. На само 11 години тој го освои првото место на меѓународниот натпревар „International Youth Music Competitions“. Признанието го прими на свечениот концерт на победниците. Ова го објави „Скопје1.мк’.

Натаму порталот пишува: Цековски на 5 септември настапи во „The DiMenna Center for Classical Music“, каде што му беа врачени златниот медал и пехарот. На сцената настапија и други наградени млади музичари од повеќе држави, меѓу кои Австралија, Канада, Кина, Полска, САД, Украина, Мексико, Романија, Црна Гора и Турција. Официјалната страница на натпреварот потврдува дека концертите на победниците се одржуваат на 5 и 6 септември во „The DiMenna Center“.

За Андреј, њујоршкиот настап е продолжение на успехот постигнат во март, кога во категоријата „USA Classical Hobbyist“ ја освои првата награда. Неговиот настап беше оценет високо поради музикалноста, техничката подготвеност и уметничката зрелост. Младиот пијанист своето музичко образование го стекнува во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, каде што пијано изучува под менторство на наставничката Марија Диманин-Богоевска. Со пијано започнал да се занимава уште на четиригодишна возраст.

Покрај музичкото образование, Андреј е ученик и во ООУ „Блаже Конески“ во Скопје. Одличен ученик е, има освоено повеќе државни награди по различни предмети, а паралелно со музиката тренира и ракомет.

Неговиот успех во Њујорк претставува продолжение на меѓународниот пат што го започна со првата награда на натпреварот, на кој учествувале млади музичари од повеќе земји. Со освоеното прво место и настапот на њујоршката сцена, 11-годишниот Андреј Цековски продолжува да го развива својот музички талент и да ја претставува Македонија на меѓународната сцена.

 

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Кина гради дури 90 дата центри во град со два милиона жители

Меѓу полињата со сончогледи и сирак во Внатрешна Монголија во Кина никнуваат огромни комплекси што ги носат имињата на Хуавеи, социјалната платформа Куаишоу и давателот на услуги за податоци VNET.

ММФ: Македонија со раст на БДП од 3,5%, инфлација од 4%

Jавните финансии, модернизација на инфраструктурата, енергетска ефикасност, образование, социјална заштита и земјоделство, ова се темите на кои македонската делегација бара можности за подобрување на состојбите на годишните средби на светска банка и Меѓународниот монетарен фонд кои оваа година се одржуваат во Бангкок, Тајланд.

Нацрт-ДУП-от за Барутана на Водно нема да се најде пред Советот на Општина Центар, но до кога?!

Донесувањето на нацрт деталниот урбанистички план „Барутана“ е законска обврска на Општината, нагласи градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и не сакаше попрецизно да објасни за, како што кажа, изречените невистини во врска со овој план.

Групацијата 4iG ги поврзува телекомуникациите и вселенските технологии за нов бран иновации на Западен Балкан

Групацијата 4iG има за цел да стане првата компанија на Западен Балкан која ќе овозможи директно сателитско поврзување со мобилните уреди. Ова го истакна Пал Заранди, претседател на Одборот на директори на „Оне Македонија“ и директор на стратегии во Групацијата 4iG, за време на осмиот Дигитален самит за Западен Балкан, одржан во Херцег Нови. Договорот […]

To top