Македонија

Пилот-проект на ЦУК: Интелигентни камери за рана детекција на пожари во критичните зони

Центарот за управување со кризи (ЦУК) започна пилот-проект за поставување интелигентни камери за рана детекција на пожари во неколку критични зони во државата, кои ќе бидат надгледувани 24 часа од Оперативниот центар на ЦУК

Центарот за управување со кризи (ЦУК) започна пилот-проект за поставување интелигентни камери за рана детекција на пожари во неколку критични зони во државата, кои ќе бидат надгледувани 24 часа од Оперативниот центар на ЦУК.

Како што соопшти директорот на ЦУК, Мухамед Али, проектот има за цел навремено откривање на шумските пожари, побрза реакција на надлежните служби и поефикасна координација при интервенциите.

Директорот на ЦУК, Мухамед Али, посочи дека воспоставувањето систем за рано откривање на шумските пожари било еден од неговите приоритети од преземањето на функцијата.

– Од првиот ден откако бев назначен за директор на Центарот за управување со кризи мојата цел беше јасна – воспоставување на систем за рано откривање на шумските пожари. Денес со задоволство соопштувам дека во соработка со една домашна компанија поставивме интелигентни камери во неколку критични зони во државата. Интелигентните камери ќе се надгледуваат 24 часа од оперативниот центар при Центарот за управување со кризи. Овие камери ќе овозможат побрза реакција, поефикасна координација и поголема заштита на шумите, имотот и правата на граѓаните. Заштитата на животната средина и граѓаните на прво место, вели Али.

Од ЦУК оценуваат дека со пилот-проектот се отвора ново поглавје во системот за заштита од пожари преку примена на современи технологии за рана детекција и побрзо дејствување.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top