Македонија

По 2.500 денари за 568 пензионери во Општина Гази Баба

Градоначалникот Бобан Стефковски сподели во објава на Фејсбук дка денеска 568 пензионери од Општина Гази Баба ќе добијат по 2.500 денари финансиска помош на своите сметки. Станува збор за пензионери со ниски пензии кои се пријавија на јавниот повик на општината. „Пред само неколку дена беа исплатени средства на 510 пензионери, а со денешната исплата […]

Градоначалникот Бобан Стефковски сподели во објава на Фејсбук дка денеска 568 пензионери од Општина Гази Баба ќе добијат по 2.500 денари финансиска помош на своите сметки.

Станува збор за пензионери со ниски пензии кои се пријавија на јавниот повик на општината.

„Пред само неколку дена беа исплатени средства на 510 пензионери, а со денешната исплата вкупната бројка изнесува 1.078 пензионери кои добиле поддршка од општината. Комисијата продолжува со работа, и во следните денови ќе следува нова исплата за наредната група пензионери. Помошта ќе продолжи се до исплаќањето на сите 2.700 пријавени пензионери.

Општина Гази Баба се грижи за сите категории на граѓани. Никој не е заборавен!

Ова не е првпат да се даде поддршка на пензионерите со ниски примања — во време на енергетската криза обезбедивме финансиска помош за трошоци за електрична енергија.

Продолжуваме посветено и одговорно да работиме за сите наши сограѓани“, напиша Стефковски на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

To top