Македонија

По оставката на Коцевски: Советот ја одложи седницата за избор на нов државен јавен обвинител

Советот на јавни обвинители денеска не избра вршител на должноста државен јавен обвинител, откако итната седница беше одложена поради оправдано отсуство на еден член.

Советот на јавни обвинители денеска не избра вршител на должноста државен јавен обвинител, откако итната седница беше одложена поради оправдано отсуство на еден член.

„Седницата на Советот на јавните обвинители, закажана за ден 18.12.2025 година во 11 часот, по предлог на член на Советот, а поради оправдано отсуство на еден од членовите на Советот на јавните обвинители, е одложена за ден 22.12.2025 година, понеделник, во 11 часот“, соопшти Советот.

Изборот на в.д. обвинител требаше да се случи итно по неотповикливата оставка на досегашниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски, поднесена завчера – токму на денот кога Собранието требаше да разгледува предлог за негово разрешување од Владата.

Според закон, Собранието во најкус рок треба да распише оглас за избор на нов државен обвинител. До изборот, функцијата ја врши в.д. од редот на републичките обвинители, кого го назначува Советот на јавни обвинители.

Одложувањето на седницата предизвика реакции во јавноста, во контекст на актуелните тензии во правосудството по оставката на Коцевски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Македонскиот идентитет повеќе нема да биде распродаван!

Следбенците на живковизмот во Бугарија денеска слават што имаат вакви политичари во Македонија, кои сè уште се активни, како луѓето од опозицискиот СДСМ, кои мислат дека на овој начин ќе привлечат некакво внимание

To top