Македонија

По удар во јато птици, авион принудно се вратил на скопскиот аеродром

Инцидентот поминал без последици по патниците и по екипажот

Авион на авиокомпанијата „Визер“ бил принуден итно да се врати и да слета на Меѓународниот аеродром Скопје, откако удрил во јато птици веднаш по полетувањето, пишува порталот „24 инфо“.

Судирот предизвикал оштетување на еден од моторите на авионот.

Авионот кој полетал од скопскиот аеродром на линјата Скопје – Базел, по кратко време во воздух се вратил назад.

Инцидентот кој се случил пред два дена поминал без последици по патниците и по екипажот.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top