Македонија

По Унгарија, сега ја изгубивме и Србија. Ова не е добро.

Максимилијан Кра, пратеник во германскиот парламент од редовите на АфД го опиша поразот на изборната листа на Александар Вучиќ како загуба за европската десница

 

 

„Ова не е добар ден. По Унгарија, сега ја изгубивме и Србија. Станува јасно дека десницата мора да се реорганизира. Сегашниот пристап веќе не е доволен за да биде убедлив“, напиша Кра на платформата „Икс“ (X), откако Вучиќ го призна поразот на својата листа на парламентарните избори.

Кра е пратеник во Бундестагот од крајно десничарската партија „Алтернатива за Германија“ (АфД); неговата пратеничка група претходно побара од германската влада да го повлече признавањето на Косово.

Пратениците од АфД, Харалд Вајел и Малте Кауфман, учествуваа како набљудувачи на српските парламентарни избори во 2023 година. Во изјава објавена од нивната пратеничка група, тие ги поврзаа пост-изборните протести со можна „обоена револуција“.

Коментарот на Кра сугерира дека тој на поразот на листата на Вучиќ гледа како на удар врз поширокиот политички простор со кој АфД дели одредени ставови.

Кра повлече паралела помеѓу Србија и Унгарија, каде што Виктор Орбан загуби на изборите во април, по 16 години на власт. Во Србија, листата предводена од Вучиќ го призна поразот, додека листа предводена од студенти освои најголем број гласови.

 

Најнови вести од: Македонија

Мелбурн ѝ се извини на македонската заедница за забраната на сонцето од Кутлеш

Градските власти на Мелбурн ја признаа грешката по независна анализа на одлуката со која македонските учесници беа спречени да го носат знамето на фестивалот Мумба. Во март годинава градот Мелбурн им наложил на македонските учесници на овој фестивал да го користат само државното знаме на Македонија.

Студентите се враќаат во „Кузман Јосифовски – Питу“, домот се отвора за еден месец

Владата и студентските претставници разговараат за промена на досегашниот начин на субвенционирање. Предложениот модел предвидува зголемување на месечната поддршка од досегашните 3.500 на 4.500 денари, воведување посебна дигитална услуга преку платформата „М-услуги“, како и дополнителни попусти при купување храна во вклучените угостителски и трговски објекти.

Македонија планира инвестиции од пет до шест милијарди евра во патишта и во железници

На форумот се разговараше и за примената на вештачката интелигенција и современите технологии. Николоски посочи дека со измените на Законот за јавните набавки се предвидува воведување дигитални алатки и решенија базирани на вештачка интелигенција за автоматизирано следење на постапките и откривање неправилности и ризици.

Силјановска-Давкова: Ние сме рекордери во промената на Уставот, за три децении 36 пати!

Уставот е закон над законите и најважниот општествен договор – истакна денеска претседателката Гордана Силјановска-Давкова на отворањето на научната конференција по повод 35-годишнината од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав на Република Македонија. Конференцијата е во организација на Собранието, ЈНУ Институт за национална историја и Државниот архив.

To top