Македонија

По ЗНАМ, Деспотовски, Шилегов, Куновска, Шиповиќ… СДСМ се уште тврди дека е партија на дијалог

Колку и да е едната теза на Бихаќка нелогична, другата е тотално неоснована

Иако на ,,Бихаќка” за околу две години и се случи создавање на ЗНАМ а неодамна почнаа и конфликти со влијателни партиски членови како Јован Деспотовски, Петре Шилегов, Софија Куновска, Мирослав Шиповиќ и многу други од СДСМ тврдат дека тоа е партија на дијалог.

СДСМ за некои од критичарите во сцоите редови покрена иницијатива за исклучување но пред јавноста од Бихаќка велат дека поделби нема а дијалогот постои.

Според нивно партиско соопштение од Бихаќка тврдат дека СДСМ и денеска е партија на дијалог и дека нема делење.

,,СДСМ секогаш била и сè уште е партија со дијалог во рамки на партијата, по тоа сме препознатливи, но нема да дозволиме сценарија на ВМРО за делење и уривање на СДСМ одвнатре”, стои во соопштение на СДСМ од викендот.

Тврдењето дека и покрај војната што ја води СДСМ со своите видни членови сепак не е толку нелогично и несериозно како тоа дека ВМРО-ДПМНЕ има контрола на Шилегов, Куновска, Шиповиќ или Дрспотовски преку кои се обидува да ја подели Бихаќка.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, затоа ја добивме довербата од нив!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при претставување на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на бруто-домашниот производ се очекува да продолжи и оваа година и  да изнесува некаде меѓу 3,5 и 4% проценти.

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

Мицкоски: Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, кои ќе ја засилат економската соработка со Унгарија

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска од Будимпешта порача дека Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, нагласувајќи дека економската соработка со Унгарија има значителен потенцијал за раст.

Најнови вести

To top