Во Основниот Кривичен суд Скопје , почнува судењето на Стојанче Јовановски сопруг на Ивана Јовановска која на 2 март се самоуби заедно со нејзината 6-годишна ќерка.
Тој е обвинет за три кривични дела – Телесна повреда, односно телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, Загрозување на сигурноста, како и кривично дело Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство.
Според Обвинителството, во периодот од 2019 година се до 2 март кога оштетената – сега починатата Ивана Јовановски, донела одлука да си го одземе животот, осомничениот, нејзин сопруг со кој била во бракоразводна постапка, во повеќе наврати и во континуитет физички и психички ја малтретирал, постојано ја навредувал, тепал, понижувал и и нанесувал видливи повреди по целото тело. Овие настани сега починатата, но и очевидци и други сведоци ги пријавувале во надлежните институции.
Ваквото сурово и нечовечно постапување од страна на пријавениот како нејзин сопруг се интензивирале во текот на 2025 и 2026 година.
Тој често ја тепал и навредувал, и дома и на јавни места, дури и пред нивната малолетна ќерка, заканувајќи ѝ се дека ќе ја избрка и ќе ѝ го одземе детето. На критичниот ден, по нов бран насилство и закани, жената се вратила дома со детето со намера да си замине. Но, доведена во состојба на тешка психичка вознемиреност, страв и безизлезност, таа извршила самоубиство, скокајќи од терасата на станот од шестиот кат заедно со малолетното дете.
Судењето ќе го води судијата Ивица Стефановски познат во јавноста по судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежев.
По допрен глас, ОЈО отвори предмет за трагедијата во Карпош (ЛИНК во коментар)