Македонија

Под силен притисок од јавноста, Арсовска го назначи Александар за нов в. д. директор на „Комунална хигиена“

Управниот одбор на „Комунална хигиена“ утрово побара од градоначалничката Данела Арсовска итно да назначи в. д. директор на претпријатието. Велат дека во моментов се при крај резервите со нафта наменета за специјалните комунални возила кои се употребуваат за собирање и транспорт на комуналниот отпад, што не може да се набави без потпис на в. д. директор.

Градоначалничката Данела Арсовска за малку доби кривична пријава. Таа во последен момент го назначи Александар Јовановски за нов в. д. директор на ЈП „Комунална хигиена“. Јовановски е вработен во Град Скопје како инспектор во Секторот за инспекторат, а претходно искуство има и во Секторот за локален економски развој. Досегашниот директор Сабахадин Рустеми, кој е во притвор за несобирањето на ѓубрето во Скопје, вчера си поднесе оставка од функцијата.

Од Градот велат дека Јовановски има повеќегодишно искуство во приватниот сектор во трговија како раководител на организациска единица, а со работен ангажман во Здружение за заштита и унапредување на животната средина работел на реализација на еколошки и општествено одговорни проекти.

Управниот одбор на „Комунална хигиена“ утрово побара од градоначалничката Данела Арсовска итно да назначи в. д. директор на претпријатието. Велат дека во моментов се при крај резервите со нафта наменета за специјалните комунални возила кои се употребуваат за собирање и транспорт на комуналниот отпад, што не може да се набави без потпис на в. д. директор.

  • „Согласно член 24, став 2, член 23 став 3 од Законот за јавните претпријатија и член 40 од Статутот на ЈП ‘Комунална хигиена‘ исклучиво вие како градоначалник на Градот Скопје имате ингеренции да именувате в. д. директор на ЈП ‘Комунална хигиена’ – Скопје, имајќи во вид дека состојбата во претпријатието итно го налага тоа. Би сакале да ве потсетиме и дека во текот на изминатите четири години токму вие именувавте пет в. д. директори и разрешивте четири од нив“, се вели во соопштението од Управниот одбор на „Комунална хигиена’.

Александар Јовановски на позицијата директор на Комунална хигиена Скопје доаѓа од Град Скопје како инспектор во Секторот за инспекторат, а претходно искуство има и во Секторот за локален економски развој.

Александар има повеќегодишно искуство во приватниот сектор во трговија како раководител на организациска единица, а со работен ангажман во Здружение за заштита и унапредување на животната средина работел на реализација на еколошки и општествено одговорни проекти.

Јовановски има високо образование за менаџмент на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, и стекнат меѓународен сертификат за Институционални пристапи за заштита на животната средина.

Со своето образование, професионално искуство и ангажман во јавниот и приватниот сектор, Јовановски ќе придонесе во КХС Скопје за унапредување на стандардите на јавното претпријатие, модернизација на системите за управување со отпад и одржување на чиста, здрава и еколошки одговорна животна средина во градот Скопје.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top