Македонија

Поделба, федерализација, размена на население – Ахмети, Бучковски, Тачи и Георгиевси со четири верзии за 2001

Прославата на 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор организирана од ДУИ отвори едно од најчувствителните прашања од конфликтот во Македонија во 2001 година – дали во текот на кризата постоел план за поделба на Македонија. Според последните изјави на Али Ахмети, Владо Бучковски и Мендух Тачи се појавуваат три различни толкувања, а во целата приказна повторно се враќа и улогата на Љубчо Георгиевски и на идеите што тогаш се поврзуваа со МАНУ.

Прашањето за тоа дали во 2001 година постоел план за поделба на Македонија повторно влезе во фокусот по старите изјави на поранешниот премиер и тогашен лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски, и на сегашните изјави на поранешниот премиер Владо Бучковски, лидерот на ДУИ Али Ахмети и на Мендух Тачи од тогашната ДПА, објави МКД.мк. На трибината на ДУИ по повод 25-годишнината од Охридскиот договор Али Ахмети, лидерот на ДУИ и во 2001 година лидер на илегалната воена формација ОНА, рече дека во 2001 година во свои раце имал конкретен предлог за поделба на Македонија и дека го одбил.

Според неговото објаснување, евентуалното решение не би ги опфатило сите подрачја со албанско население. Ахмети ги наведува Скопје, Куманово, Струга, Кичево, Прилеп и Велес како места што би останале надвор од таквата територијална поделба. Во едно поранешно интервју Ахмети тврдеше дека добил понуда за поделба според која Липковскиот крај би припаднал на Косово, а Тетово и Гостивар на Албанија, при што тој ја поврзал понудата со тогашниот премиер Георгиевски и со идеи што ги застапувале одредени интелектуални и политички кругови.

Владо Бучковски, кој за време на 2001-та година беше министер за одбрана, на истата трибина по повод 25-годишнината од Охридскиот договор зборуваше за едно пошироко сценарио. Тој тврди дека во текот на воената криза постоеле индиции дека теренот се подготвува за поделба, вклучително и преку поместување на населението и линиите на воените дејствија.

Во поранешни интервјуа Љубчо Георгиевски, кој во 2001 година беше премиер, велеше дека идејата што се разгледувала во тој период не била едноставно поделба на Македонија.

  • „Со дистанца на времето можам да кажам дека идејата не беше за поделба на Македонија, туку за трампа на територии и население“, вели Георгиевски.

Според неговото сведоштво, во услови на конфликтот се разговарало за можноста двете заедници да се разделат доколку не можат да продолжат да живеат во заедничка држава.

  • „Ако Албанците не сакаат да живеат со нас, како во секој брак, каде што не одат работите, да пробаме да се разделиме“, објаснуваше тогаш Георгиевски.

Во македонската јавност за овие настани со години се поврзува и селото Групчин, како можна линија на разграничување. Во дел политичките толкувања на настаните наводно се зборувло за идеја западниот дел на Македонија да биде одделен од останатиот дел од државата, при што Групчин се споменува како можна линија на поделба. Тука се споменува и МАНУ како носител на оваа идеја. На излагањето на Бучковски на трибината, еве што му одговори Ахмети.

  • „Ја сакам Македонија, господине Бучковски, колку што ја сакате и вие, ова е мојата земја, мојот дедо, прадедо, баба и прабаба се тука, колку што ја сака Бранко Црвенковски, колку што ја сака Христијан Мицкоски, затоа, подалеку од Охридскиот договор, кој и да се обидува да го уништи албанскиот јазик, да ја уништи правичната и соодветната застапеност. Достигнувањата со Охридскиот договор, гарантирани се од САД, ЕУ и НАТО, за тоа работевме заедно 20 години, не велам дека тоа е само резултат на Албанците, не велам дека само Албанците победиле со Рамковниот договор, победи и македонската нација“, порача Ахмети од панел-дискусијата.

По објавувањето на сите овие информации се јави и Мендух Тачи, тогашниот втор човек на Демократската партија на Албанците (партија која беше дел од потписниците на Охридскиот договор, заедно со ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ПДП и претседателот на државата Борис Трајковски) кој ги демантира сите овие информации. Според него, не постоел документ со план за поделба на Македонија, а идеите за поделба ги поврзува со тогашни структури на УДБА и со луѓе кои, според него, се обидувале политички да ги претстават како реална стратегија.

Тачи особено го отфрла тврдењето дека Арбен Џафери, еден од потписниците на Охридскиот договор и тогашен лидер на ДПА, или МАНУ имале конкретен документ со таков план.

  • „Тоа беше идеја на неколку псевдоакадемици инструирани од УДБА на Србија. Тоа не беше идеја на МАНУ, а ниту Арбен Џафери имал документ, затоа што таков документ не постои. На Али Ахмети тогаш УДБА му кажа: ова е патот по кој можеш да го урнеш политичкото организирање на Албанците. И тој зборува неврзано, дека наводно постоел документ“, изјави Тачи и најави и можни правни чекори против Ахмети доколку ваквите изјави продолжат. „Го предупредувам уште еднаш: ако продолжи да зборува вака, ќе поднесам тужба, во име на Арбен Џафери, бидејќи вакво обвинување е недозволиво“, рече Тачи.

Ахмети вели дека го видел планот и го одбил. Бучковски зборува за подготвување терен за поделба. Георгиевски признава дека во 2001 година се разгледувала идеја за „трампа на територии и население“. Тачи, пак, тврди дека конкретен документ за поделба никогаш не постоел.

И после 25 години останува отворено едно од најчувствителните прашања за конфликтот во 2001 година: Дали навистина постоел конкретен план за промена на границите на Македонија – и ако постоел, кој го изработил, кој го понудил и до каде стигнале разговорите за неговата реализација? Охридскиот рамковен договор не донесе територијална поделба, туку ја потврди унитарната државна структура и предвиде политички и уставни реформи како решение за конфликтот.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

Стојков: Грција и Бугарија ќе го користат примопредавањето на моштите на македонскиот цар Самуил за пропаганда против Македонија!

„Свечената“ објава на бугарскиот премиер Румен Радев дека в сабота, на 3 октомври, Грција ќе ѝ ги предаде посмртните останки од цар Самуил (починат 1014 година), одекна не како историско-научна сензација, туку токму така како што беше и конструирана – со политичко тенденциозност спрема Македонија. Ова се нагласува во статијата со наслов „Стојков: Не е сигурно дека моштите се на цар Самуил, а Бугарија и Грција немаат ни правна основа за нивно примопредавање“, која ја објави информативниот портал „МКД.мк“

(ВИДЕО) Разбиена е криминалната и терористичка група од Скопје, кај која е пронајдено знаме на „Исламска држава“! – Кривична пријава за тројца (Видео)

МВР информира дека вчера Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена организирана криминална група од Скопје, инволвирана во вршење на кривични дела од областа на тероризам и недозволена трговија со оружје.

Мицкоски: Во судството има измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ

Говорејќи за правосудството во емисијата „Под лупа“ на ТВ „Алфа“, претседателот на Владата Христијан Мицкоски истакна дека таму, покрај огромното мнозинство чесни луѓе, постои и измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ.

To top