Македонија

Подгответе се за студ и снег – температурите ќе паднат во длабок минус

УХМР

Македонија влегува во период на променливо и студено време. Според најновата прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре нè очекуваат слаби локални врнежи од дожд и снег, додека на планините и повисоките места ќе провејува снег.

По краткотрајната стабилизација во понеделник и вторник, веќе во вторник навечер и во текот на денот во среда се очекува нов влажен бран со врнежи претежно од снег низ целата држава.

Температурите значително ќе опаднат, па така во следните три дена минималната ќе се спушти и до -10 степени, додека максималната ќе се движи во интервал од -1 до 6 степени.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top