Македонија

Поднесено обвинение против четворица началници и девет полицајци за пожарот во Кочани

Имајќи предвид дека надлежноста на специјализираното одделение е воспоставена од 07.11.2018 година, од Обвинителството посочуваат дека, предмет на кривично-правна оценка во оваа постапка беа само дејствијата преземени од 2019 до 2022 година, додека за останатите предметот е испратен на надлежно постапување во ОЈО Кочани.

Поднесено е обвинение против 13 полициски службеници – четворица началници и девет полицајци кои спроведувале акциска контрола во дискотеката „Пулс“ во Кочани вечерта на 16 март минатата година кога се случи пожарот во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Тие, како што информираа денеска на брифинг во ОЈО ГОКК со предметната јавна обвинителка Ивана Алексова Трајчева, се обвинети дека како соизвршители сториле кривично дело Тешки дела против општата сигурност по чл. 292 ст. 2 в.в со чл. 288 ст.3 в.в со ст.2 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик.

Дел од обвинетите, постапувајќи по наведениот план за акциска контрола во кабаре „Пулс” во Кочани, на критичната ноќ на 16 март 2025 година не презеле соодветни мерки за заштита за присутните лица, ниту мерки за спречување на активирање на пиротехничка опрема на сцената, иако употребата на пиротехника не била пријавена во ПС Кочани. Обвинението што предметниот обвиниот од Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО ГОКК, денеска го поднесе до Основниот кривичен суд Скопје, се темели истражни постапки во кои беа опфатени 27 полициски службеници. За сите обвинети лица, како што појаснуваат од Обвинителството, остануваат во сила мерките за обезбедување на нивното присуство во постапката, до одлука на надлежниот суд.

Според обвинението, обвинетите во временскиот период од 14-16.3.2025 година не постапиле согласно прописите за мерките за заштита одобрувајќи и спроведувајќи План за акциска контрола на угостителски објекти на подрачјето на ПС Кочани, без да проверат дали истиот ги има опфатено сите проверки што се во надлежност на МВР, како и дали се почитувани одредбите од Стандардните оперативни процедури за проценка и управување со ризик при вршење на полициски работи. – Како последица на несоодветните услови за работа во текот на акциската контрола, настанал пожар, при што придонеле за настапувањетс смрт на 63 лица, а 223 лица се здобиле со тешки телесни повреди и телесни повреди, посочуваат од Обвинителството.

Покрај ова, до Основниот кривичен суд Скопје е поднесен и обвинителе предлог против девет полициски службеници обвинети за Злоупотреба на службена положба и овластување. -Обвинетите не извршиле целосна и детална проверка во врска со издавање на позитивна согласност за издавање лиценца за вршење на угостителска дејност на Кабаре „ПУЛС” во Кочани и овозможиле истото да добие лиценца во 2022 и 2023 година, а со намера да прибават имотна корист за правното лице во вкупен поголем износ од 284.576,00 денари за 2022 година и имотна корист за неформалниот сопственик на клубот, во вкупен поголем износ од 335.916,00 денари бруто плата, нагласуваат од Обвинителството.

Дополнително, до Основниот кривичен суд Скопје е поднесен и Обвинителен предлог против тројца полициски службеници, кои не ги извршиле своите должности.

– Обвинетите, при изготвување на записници за извршена контрола во клубот во кои констатирале сторени прекршоци по чл.21 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир, внеле неточни податоци за правното и за одговорното лице и дозволиле да бидат поведени прекршочни постапки против неактивно правно лице и физичко лице со намера за правното и физичкото лице да прибават имотна корист, појаснуваат од Обвинителството.

Во однос на уште седум полициски службеници, јавниот обвинител донесе Наредба за запирање на истражната постапка. Имено, постапувајќи по наводите од кривичната пријава поднесена од МВР поради постоење на основано сомневање дека сториле кривично дело Тешки дела против општата сигурност, јавниот обвинител во текот на истрагата презеде повеќе дејствија со цел правилно и целосно утврдување на фактичката состојба.

Притоа е утврдено дека на овие полициски службеници им се ставаат на товар дејствија што ги презеле во временскиот период од 07.12.2012 година до 21.01.2022 година, односно на 07.12.2012 година, 10.02.2018 година, 24.01.2019 година, 13.01.2022 година и на 21.01.2022 година.

Имајќи предвид дека надлежноста на специјализираното одделение е воспоставена од 07.11.2018 година, од Обвинителството посочуваат дека, предмет на кривично-правна оценка во оваа постапка беа само дејствијата преземени од 2019 до 2022 година, додека за останатите предметот е испратен на надлежно постапување во ОЈО Кочани.

-Во конкретниот случај е утврдено дека полициските службеници, согласно чл.6 од Законот за угостителска дејност биле надлежни да вршат проверки исклучиво во делот на исполнување на условите за заштита на јавниот ред и мир безбедноста во сообракајот, но не и проверки поврзани со услови з противпожарна заштита и минимално технички услови за вршење на угостителск дејност кои не спаѓаат во нивна надлежност. Оттука, нивните дејствија не можат да се доведат во директна причинско-последична врска со настанувањето на пожар критичната вечер, брифираат од ОЈО ГОКК.

Кривичното дело Тешки дела против општата сигурност, за кое беше донесена Наредба за спроведување на истражна постапка, согласно член 288 став 2 од КЗ, бара постоење на директна причинско-последична врска помеѓу непостапувањето по прописите за мерките за заштита и настанатата последица смрт на едно или повеке лица.

Во конкретниот случај, дејствијата на полициските службеници опфатени со овој предмет се поврзани исклучиво за проверки за заштита на јавниот ред и мир и безбедноста во сообракајот, кое нешто се однесува само на обезбеден број на паркинг места. Иако се обезбедени докази дека проверките од областа на јавниот ред и мир и безбедноста во сообракајот не биле извршени правилно, истите не можат да се подведат под правната квалфикација за кривично дело Тешки дела против општата сигурност по чл. 292 ст.2 в.в со чл. 286 ст.3 в.в со ст. 2 в.в. со чл. 22 од КЗ.

-Обвинителството цени дека за овие дејствија може да се подведат под правната квалификација за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.1 или ст.3 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик, во зависност од прибавената имотна корист. За дејствијата преземени во 2019 година, имајки предвид дека клубот пријавил загуба, би се работело за делото од член 353 став 1, за кое е предвидена казна затвор од шест месеци до три години, појаснуваат од Обвинителството.

Со оглед дека наредбата за спроведување на истражна постапка е донесена на 16.04.2025 година, од Обвинителството посочуваат дека за овие дејствија е настапена апсолутна застареност на кривичното гонење, согласно членовите 107 став 5 и 108 став 6 од КЗ.

-За разлика од тоа, за дејствијата преземени на 21.01.2022 година од страна на дел од осомничените, не е настапена застареност на кривичното гонење. Согласно податоците од Централниот регистар на РСМ, добиени во текот на предистражната постапка, клубот во 2022 година остварил добивка во вкупен износ од 284.576 денари, поради што дејствијата на овие осомничени се подведени под правната квалификација од чл. 353 ст.3 в.в. со ст.1 од КЗ, за што е и поднесено предметното обвинение, појаснуваат од Обвинителството.

На обвинителна клупа за пожарот во „Пулс“ веќе се наоѓаат 35 физички и три правни лица, меѓу кои се сопственикот на „Пулс“, негови блиски, инспектори на државни институции, поранешни министри и припадници на агенцијата што ја обезбедувала дискотеката и нејзиниот сопственик. На почетокот на судскиот процес сите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

Најнови вести од: Македонија

Премиерот Мицкоски за проблемот на превозниците: Имавме дипломатска офанзива, постојат неколку можни решенија

Премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали очекува надминување на проблемост со транспортерите идната недела на закажаниот состанок во Брисел со министрите од шесте земји од Западен Балкан, рече дека е важно што имало заедничка дипломатска офанзива со земјите од регионот и оти проблемот е препознаен од страна на ЕУ. – Овој проблеми […]

Јаневска: Наставниците ќе добијат 7,5 проценти зголемување со мартовската плата

Предлог-законот за високото образование в понеделник ќе биде поставен на националниот регистар на прописи (ЕНЕР) за дискусија и давање предлози и сугестии. Тој е еден од пакетот три поврзани закони – покрај него, на ЕНЕР се очекува да бидат поставени и Законот за квалитет во високото образование и Законот за научно-истражувачка дејност.

Алијансата за Албанците на Таравари го оспори „Безбеден град“ пред Уставниот суд: „Не бил правичен и не важел еднакво за сите“!

Крилото на Алијансата за Албанците на Арбен Таравари поднесе иницијатива до Уставниот суд за оспорување на законските решенија што се дел од проектот „Безбеден град“. Абидин Абдули, адвокат ангажиран од Алијансата за Албанците, изјави: „Како што најавија нашите пратеници од собраниската говорница, законите од пакетот ‘Безбеден град’ ќе бидат оспорени пред Уставниот суд на денот на нивното стапување во сила. Овие иницијативи ги поднесовме, за да важи секој закон за сите граѓани, на целата територија на Република Македонија“, се вели во соопштението на Алијансата за Албанците на Таравари

Градоначалникот на Кавадарци Јанчев најави повторно активирање на поранешно „Фени“

„Компанијата Голден игл’ – поранешно ‘Фени’, во првата фаза ќе врати на работа 170 работници. Потоа ќе следи втора фаза со вклучување дополнителни 500 лица.“ – објави градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев на фејсбук. 

Најнови вести

To top